Потребни состојки:

550 г меко брашно

100 г маст/путер/маргарин + уште малку растопен путер

250 мл топло млеко

1 лажичка сол

1 квасец + 1 лажица шеќер + 1 лажица брашно + 100 мл топло млеко

1 јајце со малку сол за премачкување

Постапка:

Квасецот со една лажица шеќер и една лажица брашно промешајте го во 100 мл топло млеко и оставете да се активира.

Во брашното додадете ја маста, солта, надојдениот квасец и млекото. Замесете меко тесто. Оставете на топло да се удвои.

Надојденото тесто поделете го на два нееднакви делови (со мала разлика). Помалиот дел развлечете го во четириаголна кора, премачкајте го со растопената маст/путер и сечете на ленти со ширина од 1-1,5 см ширина, но не до крај. Ивиците на кората мора да бидат споени (види фото).

Тестото свиткајте го така што се трга од еден агол кон средината, до спротивниот агол. Вака добиениот „ролат“ се витка во облик на полжав.

Истото се постапува и со второто тесто, па се витка околу помалата кора.

Покријте и оставете на топло уште малку да порасне.

Во јајцето додадете малку сол, па премачкајте ја погачата и стевете ја во рерна да се пече на 180 степени околу 35 минути (во зависност од рерната)

coolinarka.com