ПОГАЧА ЈУГОСЛАВИЈА

Потребни состојки:

650 г брашно

250 мл млеко

100 мл јогурт

130 мл масло

1 полна лажичка сол

1 лажичка шеќер

40 г квасец

100 г путер

1 јајце

Црн сусам, ленено семе, сусам

Постапка:

Во топло млеко ставете издробен квасец, лажичка шеќер и малку брашно. Оставете 10 минути да се активира.

Додадете масло, јогурт и сол. Со брашното замесете тесто. Оставете го на топло место за да надојде, околу 30-45 минути.

Од надојденото тесто одвојте помал дел за централниот круг. Ставете го во центарот на подмачкана тепсија со путер. Остатокот од тестото поделете го на 2 еднакви дела. Секој дел развлечете го приближно 30х40 см. Премачкајте со путер и свиткајте во ролат од пошироката страна. Краевите исечете ги и оставете ги за крај.

Од двата ролати треба да исечете и да добиете 30 тријаголници.

Краевите составете ги, додадете уште малку брашно и направете 12 топчиња.

Изматете јајце и премачкајте ја погачата. Централниот дел наросете го со црн сусам. Првиот ред тријаголничиња со ленено семе, а преоастанатите тријаголници со сусам. Топчињата со црн сусам.

Оставете 60-45 минути да надојде погачата, а рерната вклучете ја и загрејте ја на 250 степени.

Кога ќе ја ставите погачата да се пече, намалете на 200 степени и печете околу 30 минути. Ако има потреба, после 15-20 минути покријте ја погачата со хартија за печење, а неа спуштете ја на решетката за едно ниво подолу.