Постои одлична постапка која е алтернатива на пластичната хирургија. Станува збор за чудесна маска за затегнување на лицето која има моќ да избрише 10 години од лицето!

Веќе после првото нанесување ќе го почувствувате нејзиниот импресивен ефект. Оваа маска сигурно ќе стане алтернатива на многубројни козметички третмани во салоните за убавина.

Покрај тоа што е економична, нејзиниот ефект е еквивалент на популарниот ботокс. Со таа разлика што ботоксот мора за неколку месеци повторно да го нанесувате, а секојпат се полошо и полошо изгледате, а оваа маска е потполно природна и всушност, ја затега кожата многу подобро од ботоксот.

Потребни состојки:

1 белка

½ лажичка лимонов сок

½ лажичка кокосово масло (или масло од семки од кајсија)

Постапка:

Земете јајце со средна величина и одвојте ја белката од жолчката. Ставете ја белката во помал сад и матете до создавање на густа пена. Потоа додадете лимонов сок и кокосово масло и повторно матете.

Маската нанесете ја на чисто лице и оставете да делува 10-15 минути. Кога маската ќе се исуши, измијте ја со топла вода или чај од камилица.

За постигање на оптимален резултат, доволно е да се применува оваа маска 2 пати седмично. Предноста на кокосовото масло за нега на лицето во состав на оваа маска навистина се многубројни и слободно можеме да кажеме дека ова масло со право станува се попопуларно од ден на ден, како во светот, така и кај нас. Кога кожата ќе се засити од ова масло, можете да го промените со масло од семки од кајсија.

Користењето на ова масло наместо ноќни креми е најдобриот начин да го спречите прераното стареење на вашата кожа. Многу мала количина од ова чудесно масло во состојба е да ја подмлади вашата кожа, со што го прави вашиот тен беспрекорен, а кожата почиста и поубава.