По утрото се познава денот: Со овие ритуали ќе имате загарантиран успешен ден!

„По утрото денот се познава“ и поради тоа е важно да се знаат некои утрински ритуали со кои ќе поставите темел за продуктивен и успешен остаток на денот.

Ако се’ уште немате свој утрински ритуал кој успешно ќе ве подготви за остатокот од денот, пробајте ги овие пет ритуали кои ќе ја зголемат вашата продуктивност, но и ќе ви помогнат полесно да ги издржите евентуалните стресови.

ПРЕСКОКНЕТЕ ГО КАФЕТО

Не мора целосно да се одречете од кафето, но првиот утрински избор нека ви биде нешто друго. Чаша млака вода со лимон е многу подобар избор – го забрзува метаболизмот, ја прочистува кожата, не создава зависност, а за целосно искористување на придобивките од овој напиток – еден час после тоа одбегнувајте храна и други пијалаци.

НЕ ПОСЕГНУВАЈТЕ ВЕДНАШ ПО МОБИЛНИОТ

Многумина штом се разбудат веднаш го зимаат мобилниот телефон за да ги прочитаат најновите вести, за да ги прегледаат мејловите и Фејсбук, а поради тоа, како што покажуваат истражувањата, само се чувствуваат полошо. Наместо тоа, првата работа која ќе ја направите наутро е лесно протегање, танцување пред огледало или дури и местење на креветот – ќе се чувствувате многу подобро, а и зглобовите ќе ги раздвижите.

ИМАЈТЕ ДОБАР ХИГИЕНСКИ РИТУАЛ

Не е важно дали сакате да се туширате веднаш после будењето или после утринското вежбање, но добриот хигиенски ритуал е клучен – па дури и кога станува збор само за лицето.

НАПРАВЕТЕ СПИСОК СО ОБВРСКИ

Често сме под стрес поради голем број обврски кои не очекуваат во текот на денот, но сепак треба да се одбегнува мултитаскинг. Истражувањата покажале дека никој не е добар во мултитаскингот и поради тоа најдобро е да се направи попис на обврски за секој ден кои откако ќе ги завршите ќе можете да ги прешкртате. На тој начин имате поголем прегледност.

СРЕДЕТЕ ГО РАБОТНОТО МЕСТО

Без разлика дали работите во канцеларија или дома, своето работно место мора да го одржувате чисто и уредно. Идеално би било кога на крајот од работниот ден ќе го оставите средено, но доколку за тоа не ви останало време, направете го наутро.