Многумина од нас се соочуваат со овој проблем кој може да биде многу опасен по здравјето. Еве што треба да направите за да не дојде до тоа.

Правилната и редовна хигиена на забите е нешто за што сите треба да водат сметка и нешто за што не учат уште кога сме мали.

Без редовно одржување може да се случат разни компликации, а една од нив е воспаление на непцата или гингивитис, кој пак може да доведе до хронично воспаление кое предизвикува испаѓање на забите.

Дали и вам ви се случува кога ги миете забите, непцата да прокрвават и да „исплукувате“ крв? Непцата не смеат да крвават, па затоа навремено закажете термин кај својот стоматолог.

Крвавењето на непцата е доста често кај возрасните, дури околу 90% од возрасните луѓе се борат со оваа состојба. Станува збор за гингивитис, најчесто воспаление на усната шуплина, после кариесот.

Воспаление на забното месо може да настане поради забен камен на кој се задржуваат и размножуваат бактерии.

Ако не се одржува правилна хигиена на усната шуплина, гингивитисот може да се развие во хронично воспаление кое предизвикува испаѓање на забите.

Кога непцата ќе се воспалат и силно ќе поцрвенат, ќе станат меки, сјајни и отекуваат. Лесно крвават на најмала дразба – на пр. со четката за заби. Особено се чувствителни бремените жени и дијабетичарите, а кај децата ретко се појавува.

Она што можете да го направите сами е веднаш да ги засилите хигиенските навики: двапати дневно со специјален конец отстранувајте ги наслагите од забите, а за да бидете сигурни дека наслагите во целост сте ги отстраниле, можете да џвакате таблети за елиминирање на наслаги од заби.

За да го спречите напредувањето на воспалението кое може да доведе до губиток на забите, јавете се кај вашиот стоматолог кој ќе го одреди степенот на воспалението и ќе го одреди пристапот за лекување, за да не дојде до проширување на болеста.

ЛЕКУВАЊЕ СО ЛЕКОВИТИ БИЛКИ:

Ако имате благ облик на гингивитис, лековитите билки ќе ви помогнат да ги уништите бактериите.

Камилица (Matricaria recutita), односно чајот од камилица е одличен избор за гаргарење, испирање на усната шуплина бидејќи содржи неколку противвоспалителни и антисептички состојки. Направете посилен чај од камилица и пијте го после оброк или користете го како средство за испирање на усната шуплина.

Од својата исхрана исфрлете го шеќерот и користете сладок корен.

Ехинацеата во книгата на калифорнискиот билкар и ботаничар Кристофер Хобс, ја препорачува за лекување на гингивитис. Оваа билка делува против бактерии и го јакне имунолошкиот систем.

Додадете една или две капки тинктура од ехинацеа во некој чај за лекување на гингивитис или во водичката за испирање на уста. Ако почувствувате пецкање и привремено трпнење на јазикот, не се грижете. Таа појава е безопасна.

Невенот (Calendula officinalis) делува одлично против бактерии, вируси и јакнење на имунолошкиот систем, па затоа се користи во лекување на гингивитис. Но, бидете внимателни, ако сте алергични на полен, најверојатно ќе бидете алергични и на оваа билка.

Нането​(Mentha piperita) е одлично средство за борба против бактериите кои предизвикуваат крвавење на забите. Пијте чај од нане или со него плакнете ја усната шуплина.