Многу вкусен десерт кој се топи во уста. Брза и лесна подготовка.

Потребни состојки:

600 г мелена Plazma
250 г омекнат путер
200 г шеќер во прав
200 мл сок од портокал
150 г брусница или суво грозје или мешано
200 г печени лешници 

За глазура:

100 г чоколадо за готвење
2 лажици масло

Постапка:

Сувото овошје исечкајте го. Лешниците исечкајте ги со нож или кратко сомелете ги во мелница но внимавајте да има и парчиња. Одвојте две лажици од лешниците за подоцна да декорирате.

Путерот на собна температура добро изматете го со шеќер во прав. Додадете мелена плазма и сок од портокал, па мешајте додека се добие еднолична смеса. Промешајте ги и сечканите брусници и лешници.

Добиената смеса обликувајте ја по желба, директно на чинијата на која ќе се служи или со помош на калап.

Јас користев калап за Срнечки грб, го обложив со проѕирна фолија, ја натапкав фолијата, оставив во фрижидер неколку часа, па го превртев  калапот врз чинијата за сервирање и ја извадив фолијата.

Под страните на тортата подметнете ленти од мрсна хартија.

Чоколадото стопете го на пареа со две лажици масло и прелијте преку тортата.

Одозгора наросете лешници и ставете во фрижидер да се стврдне глазурата.

Потоа, со нож внимателно поминете покрај ивиците на тортата за да се пресече истеченото чоколадо, па извлечете ја подметнатата хартија.

posaljirecept.rs