Дали сакате брзо да ослабете? Дали сакате да се чувствувате поздраво? Дали сакате да го трансформирате вашето тело? Ако вашиот одговор е да, продолжете со читање.

Овој план е најдобриот од сите планови и само за 30 денови ќе го трансформира вашето тело.​

Веројатно сте пробале секакви режими на исхрана и диети, но сите тие биле безуспешни.

Килограмите се враќаат, а некогаш се удвојуваат. Прескокнете ги ваквите брзи диети со јо-јо ефект и пробајте го овој 30-дневен програм за трансформација на телото.

Освен што ќе го изгубите вишокот килограми, ќе се стекнете и со поголеми и поцврсти мускули.

Овој план го храни телото и помага во побрзо согорување на мастите. Може да се каже дека ова е најдобриот програм за слабеење и трансформација на телото. Се состои од вистинска храна од која ќе бидете поенергични и поздрави.

Ако имате решителност и самодисциплина, сигурно ќе ја остварите вашата цел. Оваа исхрана се состои од помала количина на здрави масти и интегрални житарици, поголема количина на протеини, немасни млечни производи, овошје и зеленчук.

Метаболизмот се активира со јадење на секои 5 часа. Овој принцип исто така, ќе ве спречи од прејадување.

Ова е 30-дневниот план за трансформација:

ПОЈАДОК:

Појадокот е најважниот оброк во вашиот план за 30-дневна трансформација. Додадете јаглехидрати и протеини за појадок за зајакнување на вашиот метаболизам.

Ќе бидете помалку гладни во текот на денот со користење на овој трик за вашиот план за трансформација. Консумирајте јајца, зеленчук и свежи сокови за појадок.

ПРВА УЖИНА:​

Ужината после појадокот е исто така важна за да го задржите нивото на енергија оптимизирано. Овошјето е секогаш најдобра опција за овој дел од денот. Исто така, можете да консумирате и малку немасно сирење, јогурт или тврдо варено јајце. Внимавајте само да се разликува од вашиот појадок и да биде во помала количина.

РУЧЕК:

Најдобра опција за ручек е една чинија зеленчукова супа или половина здрав сендвич од интегрален леб. Исто така, можете да консумирате пилешко или риба во оптимална количина.

ВТОРА УЖИНА:

Пробајте суров зеленчук или мини морковчиња. Добро ќе ви дојде и зелен чај без шеќер.

ВЕЧЕРА:

Вечерата не треба да содржи јагленихидрати, бидејќи тие е најдобро да се содржат на почетокот на денот. Консмирајте протеини и зеленчук во помали количини.​

ДЕСЕРТ во текот на денот

Вашиот десерт треба да содржи помалку од 100 калории. Црното чоколадо е најдобра опција.