Пица мајсторите го чуваат рецептот во тајност

Тешко е да се пронајде човек кој не е љубител на добра пица, а некогаш колку и да се обидуваме да направиме идеално тесто, нешто ни недостига. Подолу можете да прочитате како се приготвува најдоброто тесто за пица.

Потребни состојки за тесто:

20 г свеж квасец (или кесичка сув квасец)

2-3 лажици топла вода

1 лажичка шеќер

320 г пченично брашно

1 лажичка сол

2-3 лажици маслиново масло

Околу 200 мл топла вода

За фил:

200 мл кечап благ

200 г рендан кашкавал

200 г шунка сечена на тенки ленти

1 пиперка

6 црни маслинки

Постапка:

Квасецот разматете го со малку топла вода, додадете шеќер и оставете да се активира околу 5 минути на топло место.

На брашното додадете сол, масло, квасецот, па со додавање на топла вода замесете меко тесто. Покриеното тесто оставете го да се дига на топло место додека волуменот да се удвои (околу 30 минути).

Дигнатото тесто развлечете го со величина на калап (2 тркалезни калапи или 1 оригинален лим од рерна).

Тестото премачкајте го со кечап и наросете со рендан кашкавал. Врз тестото наредете шунка, печурки сечкани на ливчиња, пиперка сечена на стапчиња и маслинки.

Пицата печете ја околу 10 минути на температура од 250 степени.