Потребни состојки:

500 г тенки кори за пита

1,5 кг јаболка

600 г + неколку лажици шеќер

700 мл вода

1 ванилин шеќер

100 г путер

Малку масло

3 лажици гриз

По желба ореви, цимет, суво грозје

ПОСТАПКА:

Шеќерот и водата ставете ги да провријат, па сирупот оставете го настрана да излади.

Растопете 100 г путер и во него додадете неколку лажици масло.

Јаболката излупете ги, изрендајте ги и додадете неколку лажици шеќер и 3 лажици гриз, да го впијат сокот.

По желба во филот од кболка можете да додадете цимет, суво грозје и ореви.

По две кори спојувајте, премачкувајте со путер и масло, па додадете фил од јаболко. Филот се нанесува само на едниот дел на почетокот, па се витка. Внимавајте да ви стигне филот за сите кори.

Редете во плех, па кога ќе се исполни плехот, исечете со остар нож, наросете со малку масло и печете на 200 степени додека да зафумени. Врелата пита прелијте ја со ладен сируп.