Фото и рецепт: Снежанка Жанче

Јас правев поголема количина од 30 кг пиперки, но ќе ви го напишам рецептот за помала количина со ајварски црвени пиперки, но убаво е ако има и по некоја жолта или зелена пиперка.

Потребни состојки:

7 кг пиперки

4 кг кромид, а може и 5 кг

3-4 главици лук

Магдонос

За пресол (се ставаат сите состојки да зоврие):

4 литри вода

1 ½ литар оцет

2 лажици шеќер

1 лажица сол

Постапка:

Пиперките се чистат од семето, се сечат долгнавесто. Кромидот се сече на кругови подебели и лукот се сече на покрупно.

Пресолот да врие, па се ставаат пиперките со кромидот и лукот и така наизменично, да врие едно 5-6 минути. Се вади со цедалка, па се оставаат да се цедат до следниот ден.

Следниот ден ги ставате во вангла и им додавате сенф една и половина тегла 500г, маслиново масло, а може и обично, магдонос една китка ама само ливчињата, а за сол пробувате.

Се полнат чисти тегли, па одат во рерна на 100 степени само 5 минути. Ги ставате во плех во рерна и тогаш вклучувате, само колку да се затворат добро капаците. Ако претерате ќе се растопи сенфот.