Неплодноста е поим за кој се одбегнува да се говори во секојдневната комуникација, бидејќи нема жена која не стравува дека токму неа тоа ќе и се случи и покрај желбата да се оствари како мајка.

Многу жени во текот на целиот живот се штитат од бременост со контрацептивни пилули, не насетувајќи дека се неплодни и дека за тоа нема потреба.

„Поим немав дека сум неплодна. Редовно користев контрацепција бидејќи не сакав да забременам. Кога започнав да се забавувам со мојот сегашен сопруг и на почетокот од бракот, се штитев од бременост. Кога одлучивме да го прошириме семејството престанав да ги пијам антибеби пилулите, но наместо бременост, не се случи ништо“, се сеќава девојка (34) која сакаше да остане анонимна.

После една година обидување, таа и сопругот побарале стручна помош, а после две години, конечно се остварила во улога на мајка, добила прекрасна ќерка.

Затоа, од нејзиното искуство сфаќаме дека за неплодноста на жените многу малку се знае и говори. Првиот и главен факт за неплодноста е дека таа не е резервирана само жени од 35 години па нагоре. Не е дури ниту за оние жени кои навреме откриле некој здравствен проблем.

Се случувало на пример, јајниците на жената да бидат во совршен ред, како и спермата на мажот, но сепак, да не можат да станат родители. Тоа се’ уште не е медицински објаснето, освен што таквите парови очигледно не се компатибилни.

Мислите само за неплодноста

За лекаркиот преглед, резултатите од анализите, постапката за вештачко оплодување… жените мислат на ова и на ништо друго. Токму во ваквите ситуации е пожелно да бидете прибрани и да умеете сами себе да се утешите и „ментално да се подигнете“. Важно е да знаете дека резултати се постигнуваат дури тогаш кога ќе се опуштите и се’ ќе направите без притисок и оптеретување.

Хормонската терапија не е шега

Лекувањето на неплодноста и потпомогнатото оплодување значи дека вас ве „полнат“ со хормони, а тоа влијае и врз телото и врз емоциите. Најчесто последиците од хормонската терапија се дамки на лицето, вишок килограми и тоа најчесто во пределот на стомакот, преголема емотивност…

Во очај ќе пробате се’

Жените кои се борат со неплодност се склони да преземат ама баш се’ само за да забременат и ќе се согласат на секој метод, колку и да е тој бизарен. Внимавајте и немојте толку лековерно да посегнувате по се’ што ветува чудесен резултат.

Социјалните мрежи се пекол

Додека вие се обидувате да забремените, вашите пријатели на Фејсбук и Инстаграм веќе наголемо објавуваат фотографии од своите деца и нивните родендени, година за година. Тоа секојдневно ве потсетува на она што го немате и затоа можеби е попаметно да паузирате од овие социјални мрежи.