Меѓу широкиот спектар на здраво овошје и зеленчук, кои ни се на располагање од ова поднебје, едно од нив се издвојува од многу посебни причини.

Цвеклото не е откритие на столетието, бидејќи многу години се употребува како силен лек за различни болести.

Меѓутоа, неодамна стана повторно популарно, бидејќи луѓето почнаа да ги сфаќаат неговите моќи.

Покрај тоа што е апсолутно природно, цвеклото е здраво за човековото тело и нуди купишта здрави својства.

Неговата црвена боја произлегува од супстанцијата anthocyanin, која исто исто така има богати способности за борба против ракот.

Цвеклото содржи и betain, кој пак има моќно антиинфламаторно својство кое го стимулира кардиоваскуларното здравје.

Покрај тоа, овој зеленчук има и други релевантни витамини и минерали, односно витамини Б1, Б2, Б12 и Ц, бакар, магнезиум, калиум, железо, фосфор и јод.

Цвеклото ја подобрува циркулацијата на крвта и го балансира нивото на холестерол, а истовремено ја стимулира функцијата на црниот дроб.

Исто така, нуди многу други погодности за здравје, вклучително:

-детоксикација на телото

-успорување на процесот на стареење

-ги јакне крвните садови

-стимулира варење

-ја подобрува функцијата на црниот дроб

-делува антиоксидативно

-ја зголемува издржливоста

Можете да го јадете како што сакате, варено, сирово или печено.

Кога е готвено дава големо количество на калиум (644 мг на половина шолја). Ова подоцна го намалува ризикот од мозочен удар за 21%.