Овој рецепт го препорача еден педијатар на телевизија, па од кога знам за него дома немаме сува кашлица, а продуктивната кашлица многу брзо поминува.

Дури и она грепкање во грлото и чувство дека имате нешто да искашлате ама не можете, го решеваме со помош на овој сируп.

После една силна пневмонија пиевме сумамед еднаш во два месеци а сега веќе немаме потреба.

Можеби децата пораснаа и зацврстеа, а можеби овој сируп е многу добар.

Пробајте го па кажете ми дали сум си умислила во главата или нависина е ефикасен. Како и да е, јас на овој доктор ќе му бидам вечно благодарна, додека сум жива.

Потребни состојки:

1 кг црвен кромид, но може и обичен кромид иако овој е најдобар

500 г мед

10 ловоров лист, може повеќе или помалку

Постапка:

Излупете го кромидот, исечкајте го на четвртинки, ставете го во шерпа заедно со ловоровиот лист (по можност во оние садови за готвење без вода) и додадете што е можно помалку вода. Јас ставам околу 100-200 мл вода.

Се готви поклопено на најтивко, околу еден час или повеќе. Ако водата испари додадете уште.

Процедете на густа цедалка или уште подобро преку газа, бидејќи лекот е посилен колку што имате помалку отпад.

Кога ќе излади помешајте го со медот и чувајте во фрижидер. Се пие како сируп, трипати дневно, по две супени лажици, а ефектот се чувствува веднаш после првиот ден.

Од оваа количина обично добивам една тегла од 1 кг, иако многу зависи од самиот кромид. Смесата би требало да биде желатинеста, но се случува да излезе и течна, пак и ова зависи од тоа колку добро е процедено.

Јас вадам од содржината и ставам малку на оган или може и во микробранова да се потстопли и да стане течно, па потоа им давам на децата.

Иако кромидот е основа за овој лек, вкусот не е лош бидејќи ловорот доста го поправа, но вие можете ако сакате да си додадете и каранфилче или цимет за уште повеќе да го подобрите.

Од лушпата на кромидот можете да сварите многу ефикасен чај за искашлување: измијте ги лушпите, сварете ги минута-две во вода и веднаш процедете. Ако ги варите предолго и не ги процедите веднаш, чајот станува малку горчлив.

Коментари од корисници на овој сируп:

Весна: јас го сакам вксуот на ловорот, ама кога го правев првиот пат малку претерав, ставив повеќе : ) Освен што го поништува мирисот на кромидот, исто така е делотворен против кашлица. Само што го направив овој сируп и веќе после две лажици полесно дишам! Ви благодарам за одличниот рецепт!

Биљана: за сите кои имаат предрасуди во врска со кромидот, како и јас, немојте! Кромидот навистина не се чувствува. Го направив и го пробав, вкусот е одличен. За да го подобрам вкусот додадов уште: мала лажичка цимет и ѓумбир во прав. Во моментов не кашлам, ама нека ми се најде во залихите.

Ирена: мојот сируп излезе малку потемен и не е густ како желатин, можеби подолго време го готвев? Ама каков и да е, мене ми помогна.

Прво земам лажица по лажица, а сега ја подигам целата тегла и земам една добра голема голтка, бидејќи сама го пијам и сакам што поскоро да оздравам, бидејќи со ваква кашлица не можам да тргнам на работа.

После три дена подобро се чувствувам, поткашлувам повремено и тоа за да го исфрлам шлајмот, а сега спијам цела ноќ без кашлање и немам болка во плуќата.

Сега се сетив на мојот доктор кој еднаш ми рече: “На луѓето им е полесно да испијат таблета отколку да си сварат чај”, и така е навистина. Се отрув од апчиња и ништо не ми помогна, а еве од обичен сируп од кромид веќе многу подобро се чувствувам.

Гордана: Здраво, сирупот е сигурно добар, јас на своите деца им ја правам истата комбинација само што не го варам кромидот: една поголема главица кромид, не ја лупам, само ги отстранувам коренчињата, го сечкам на парчиња, но не скроз до крај, туку главицата ја ширам како лепеза и ја ставам во една чинија. Одозгора преливам 2-3 лажици мед.

Ова треба да се покрие со проѕирна фолија и да се остави 3-4часа да отстои. Кромидот испушта доста сок, кој се меша со медот и ова им го давам на децата да го пијат како сируп: по една лажичка на секои 4-6 часа.

И самата настинав, со кашлица и бронхитис, па се лечев со ова. Кај сува кашлица 100% помага бидејќи автоматски го олеснува дишењето и содржината во плуќата многу побрзо “созрева”.

Ивона: можам да кажам само благодарам за овој рецепт, го направив и сè уште сум во фаза на искашлување, ама важно почнав да ги истерувам “ѓаволите”.

Мирисот не е баш сјаен (така ми рекоа домашните додека го варев кромидот), ама бидејќи ми беше затнат носот ништо не осетив 🙂

Вкусот ми е малку специфичен, ама затоа си капнувам неколку капки лимон и супер ми е.

Македонка: на син ми кога беше мал му варев чај од кромид против кашлица и бронхитис. Минатата зима кога и јас кашлав, повторно го побарав овој рецепт и си сварив чај од кромид.

И многу ми помогна! Во еден литар вода се ставаат 3-4 главици кромид да се варат околу еден час, додека половината или барем една третина да испари. Се пие по една шолја млак чај наутро и навечер, без шеќер и без други додатоци.

Исто така знам и за лек од црна ротквица и мед, ама лично не сум го користела, иако верувам дека помага.

Соња: Обавезно пробајте го, ова стварно делува, ФАЛА за рецептот!

Биљана: Ви благодарам од срце, неодамна мајка ми го направи и се среди за 2-3 дена, а инаку нејзе кога ќе ја фати кашлица тоа знае и по месец дена да трае.

Лиле: Веќе цела есен се борам со кашлицата, 3-4 пати бев на лекар, а тие се фатиле за цигарите, ми велат дека поради нив кашлам.

Такви се шведските лекари, не гледаат подалеку од носот. Еве два дена лежам со кашлица и температура, ги праќам моиве да ми купат одма кромид…

…Морам да ви дадам повратна информација…. четири дена бев под лекарки третман кога го направив овој сируп, денес ми е мнооогу подобро, да не речам – застанав на нозе, сирупот дефинитивно си го направи своето.

Уште поткашливам, ама има голема разлика, не ме болат градите и не ми е веќе страв да се искашлувам, исфрлам многу лесно цели парчиња шлајм.