Овој напиток ќе ве дигне од постела ако сте залегнале од настинка – го викаат 12 часовен Терминатор

Рецептот е народен, индиски. Ако ви се случи навистина да бидете многу настинати и со температура, а мора да станете зошто пред вас е тежок работен ден во кој мора да бидете активни, прибрани и енергични, тогаш овој напиток тотално ќе ве подигне на нозе и ќе ве држи на снага сигурно 12 часа. – Ина.

Потребни состојки:

200 мл вода

3 лажички шеќер

1/3 лажичка црн пипер во прав

Кафе (по избор)

Постапка:

Сварете црно кафе по можност кофеинско. Можете да користите црно турско кафе, инстант, нескафе, во зависност од тоа какво си пиете. Видејќи за оваа намена е добро да испиете количина од 200 мл кафе, можеби инстантот е најдобриот избор.

Во кафете мора да ставите шеќер, најмалку три лажички. Каков шеќер ќе изберете (бел или кафеав) тоа е ваш избор, но не смеете да користите вештачки засладувачки, бидејќи потребна е глукозата во овој случај.

Потоа додадете 1/3 лажичка црн пипер, а ако можете да поднесете полуто, додадете уште малку – ефектот ќе биде уште побрз. Идеално е ако имате фин црн пипер во зрно кој ќе го згмечите во аван или тазе ќе го сомелите, но и обичниот мелен пипер во кесичка, исто така ќе помогне.

Кафето испијте го додека е жешко, најефикасно е ако релативно во краток период го потсркнувате.

Напомена: секако, ако не пиете кафе поради висок крвен притисок или не консумирате шеќер – овој рецепт не е за вас.