Овој брз кремаст колач ќе ги воодушеви сите љубители на пудингот

Потребни состојки за биксвит:

6 јајца

110 г шеќер

5 лажици какао

100 г брашно

1 прашок за печиво

150 мл млеко

150 мл масло

Пудинг крем од ванила

850 мл млеко

2 пудинзи со вкус на ванила

90 г шеќер

1 ванилин шеќер

125 г путер

Пудинг крем од чоколадо

850 мл млеко

2 пудинзи со вкус на чоколадо

80 г шеќер

100 г млечно чоколадо

Постапка:

На белките додадете им прстофат сол и измиксајте ги во цврст снег. Жолчките пенасто измиксајте ги со шеќер. Додадете какао, кратко измиксајте па додадете млеко и масло. Потоа додадете брашно и прашок за печиво, па лесно промешајте. На крајот со лажица спојте со снегот од белки и внимавајте смесата да остане воздушеста.

Смесата излијте ја во намастен и побрашнет калап за печење (25х35см) и печете 15-20 минути на температура од 180 °C. Со чепкалка проверете дали тестото е печено.

Крем од ванила: сварете ги пудинзите според упатството заедно со шеќерот. Тргнете од оган па додадете путер исечкан на коцки и мешајте додека да се растопи и спои со пудингот. Топлиот крем излејте го преку бисквитот.

Крем од чоколадо: пригответе исто како и ванилата, само наместо путер додадете чоколадо искршено на коцки. Чоколадниот крем излејте го преку кремот од ванила.

Колачот пред послужување изладете го прво на собна температура, а потоа и во фрижидер.