Овие симптоми укажуваат на рак на слезина – еве на кој му се заканува ова опасно заболување

Ракот на слезина е ретка болест и главно се јавува поради метастазирање на карцином од други органи, а еве кои симптоми укажуваат на оваа злокобна болест.

Во повеќето случаи карциномот на слезина се јавува кај пациенти кои боледуваат од лимфом или леукемија. Се’ уште не позната точната причина на оваа болест, но истражувањата покажуваат дека се загрозени постари машки лица, пациенти кои имаат проблем со имунитетот и оние кои се подложни на сериозни инфекции.

Симптомите на карцином на слезина се разликуваат од човек до човек, но најчесто се јавуваат следниве знаци:

-зголемена слезина

-болка во долниот лев дел од стомакот

-слабост

-нагло слабеење

-замор

-температура

-потење во текот на ноќта

-зголемени лимфоцити во крвта.

Голем дел од овие симптоми не мора да укажуваат на рак на слезина, но важно е да се посети лекар и навремено да се направат детални алнализи и да се пронајде причината за овие симптоми.

loading...