Овие работи носат несреќа во домот – ослободете се од нив!

Ова е список на работи од кои треба да се ослободите и кои според некои народни верувања влијаат негативно врз вашата среќа:

ЦРНА ВЛЕЗНА ВРАТА

Никако не ставајте црна влезна врата, туку гледајте тоа да биде некоја посветла боја, а со тоа и повесела, бидејќи и сами знаете црната боја на што асоцира. Најдобра боја е секако црвената или зелената, а димензиите на влезната врата треба да се малку поголеми од другите врати во куќата.

БИЛКИ КОИ ИМААТ ТРЊА

Можеби сте голем љубите на кактуси, но билките со боцки привлекуваат лоша среќа. Затоа е најдобро да одбирате кактуси кои немаат боцки.

Исто така, доколку сакате да привлечете среќа, земете билка која има ливчиња во облик на срце, бидејќи тие се сметаат за билки на среќата. Ако имате орхидеја, знајте дека тие се многу добри за секој дом бидејќи шират позитивна енергија. Орхидејата е симбол на духовна чистота и совршенство.

КАЛЕНДАР НА ВРАТА

Календарите никако не смеете да ги закачувате на врата бидејќи тие потсетуваат дека животот е минлив, па така негативно влијае врз квалитетот на луѓето кои живеат во таа куќа.

ОГЛЕДАЛО ВО СПАЛНА СОБА

Се смета дека огледалото во спалната соба лошо се одразува врз бракот, врз здравјето и општо на врската. Не е добро бидејќи тоа создава одраз на луѓето кои тука спијат како да се мртви и симболички шири негативна енергија.

ПЛАСТИЧНО ЦВЕЌЕ

Не чувајте дома ниту пластично цвеќе, препарирани животни, маски. Сите овие работи укажуваат на агресија, на распаѓање и смрт.