Кога ни е потребен стабилен извор на витамин Ц од природата, редовно посегнуваме по цитрусите, а особено по потрокалите. Овој плод навистина е добар извор на витаминот Ц (53 милиграми во 100 грама) кој го зајакнува имунитетот и помага во борбата против сезонските настинки.

Но во природата има слични намирници кои нудат повеќе од тоа:

 

ЦРВЕНА И ЖОЛТА ПИПЕРКА

 Ако ви е потребен „фикс“ од витаминот Ц, посегнете по пиперките! Во 100 грама жолта или црвена пиперка има 190 милиграми витамин Ц, што е речиси двојно повеќе од количината на истиот витамин во зелената пиперка, и 4 пати повеќе од портокалот.

 

БРОКУЛА

Потребен ви е дополнителен поттик за да уживате во овој зеленчук? Во 100 грама сечкана брокула има околу 90 милиграми витамин Ц.

 

КЕЉ

Свежите листови кељ се вистински извор за здравје. Во 100 грама кељ се кријат околу 120 милиграми витамин Ц, но исто така, и значајни количества од витамин А и К, како и доста фитонутриенти и влакна.

 

ГУАВА

Неверојатни 218 милиграми витамин Ц се наоѓаат во 100 грама од ова тропско овошје. Се препорачува да се консумира во свеж облик, бидејќи соковите кои можат да се купат, во себе ја немаат истата витаминска вредност како свежиот плод.

 

КИВИ

Зеленото „влакнесто“ овошје, секако дека треба да го вклучите во исхраната, бидејќи во 100 грама киви се кријат 90 милиграми витамин Ц.

 

КАРФИОЛ

Не го заборавајте карфиолот. Овој зеленчук можете да го јадете и сиров во салати, но и во низа приготвени јадења. Содржи околу 70 милиграми витамин Ц во 100 грама.

 

ПАПАЈА

Во 100 грама папаја можат да се најдат околу 60 милиграми витамин Ц. Ова егзотично овошје е одличен извор на прехрамбени влакна, витамин А и фолати.