Риби

​Заработување или како да се дојде до поголема сума пари е вашиот интерес следната недела. На неколку наврати ќе добиете поголема или непланирана сума, можеби хонорар. Како и да е, некои трошоци, планирани или не, ќе ви однесат и добар дел од тие пари.

Во деновите околу 23 јануари ве очекуваат некакви дополнителни обврски со деца: од трошење пари до разрешување на некакви недоразбирања.

Крајот на месецот ќе ве дочека во движење, на пат, на улица, во зачестена комуникација, излегувања но не само заради забава, туку и заради завршување на потреби. Љубовта ви е стабилна во овој период.

Скорпија

На 25 јануари Марс влегува во вашето поле на партнерски односи и други луѓе, а тоа за вас може да донесе вложување на поголема енергија да ги задржите односите хармонични, или пак едноставно нервозни ситуации поради други луѓе.

Се препорачува внимателност во сите контакти, бидејќи несакајќи ќе ги провоцирате другите на кавга, и посебно во деновите околу 21 и 23 јануари.

Лесно до пари овој месец, или поинаку кажано – парите ќе ги заработите на пријатен начин, со работа која ќе ви претставува задоволство да ја завршите. Нагласени се и обврски по дома, посебно во втората половина од месецот.

Бик

Биковите оваа недела ​ќе ги “тријат” рацете, бидејќи парите ќе им доаѓаат од сите страни. Овој знак инаку нема потреба да се натпреварува, не се троши се до последниот атом на силата, а сепак најмногу добива. Во што е трикот?

Биковите се материјалисти и претпочитаат удобност. Тие прво се сакаат себеси, па парите, а се останато може да почека. Од љубов кон успехот и удобниот живот, во состојба се да се трудат до невидени размери, се со цел да успеат и да направат сериозни пари. Тие им се силен мотив уште повеќе да се залагаат на деловен план.

Со оглед на тоа дека со овој знак управува Венера, неговите очекувања се реални и секогаш се обидува да ги постигне. Она што е добро кај нив, она што ќе го добијат го споделуваат со најблиските.

Хороскопот за Бикот за 2018 укажува дека ќе има многу бизнис патувања и дека можеби не би било лошо да го ажурира CV-то затоа што од септември можни се нови добри деловни опции.

Близнаци

Оваа недела ќе ви донесе многу изненадувања, но едно од нив ќе ви се стори речиси неверојатно.

Вртење на главата е за оние игри во кои се делат награди и во кои никогаш не сте верувале.

Ќе поверувате, кога ви се јават и ви соопштат дека сте добиле прилично пристојна сума, која ќе ви дојде за последните планови кои си мислевте дека треба да ги одложите за доста натаму во времето.