Потребни состојки:

500 г кори за пита

6 јајца

600 мл јогурт

100 мл масло

180 мл кисела павлака

10 г прашок за печиво

Сол

Постапка:

Со вилјушка изматете ги јајцата, киселата павлака, сол и спојте со јогурт и масло. Плех со величина 21х36 см намастете го со малку масло и обложете со најдебелата кора во пакувањето.

Останатите кори преклопувајте ги како да правите лепеза со секој преклоп да биде околу 6 см ширина.

Во зависност од величината на корите и плехот, фалтајте ги корите по широката или долгата страна.

Наредете ги во плехот како на сликата. Внимателно распоредете го филот помеѓу фалтите. Кората која ви виси преку плехот приберете ја од страна.

Печете на 220 степени околу 30 минути, па намалете 180 степени, па печете уште 30 минути.

Преку врелата печена пита ставете мокра памучна крпа и оставете ја така околу 30 минути да попушти питата. Ако сакате да биде крцкава, тогаш овој чекор прескокнете го.