Хормоните се хемиски супстанции кои се создаваат во ендокриниот систем. Секој од хормоните е специфичен и регулира точно определена функција во човековиот организам.

При зголемена продукција на определен хормон настанува промена во функциите на одделни органи, што значи дека во организмот е настанат хормонски дисбаланс.​

Хормонскиот дисбаланс кај жените кој е проследен со специфични симптоми, најчесто се јавува поради нарушена рамнотежа на двата основни хормони: прогестерон и естроген кои воедно се и најважните хормони во женскиот организам.​

Причините за тој дисбаланс можат да се поделат на две основни групи:

-Внатрешни, односно физиолошки

-Надворешни​

ФИЗИОЛОШКИ ПРИЧИНИ

-Се однесуваат на промените во репродуктивниот циклус . При нормален менструален циклус, првите 10-12 денови се произведува само естроген. Тогаш овулацијата “испраќа” информација до женското тело да произведе прогестерон и хормоните воспоставуваат рамнотежа, и тогаш нема никакви симптоми за хормонски дисбаланс.

Прогестеронот го поддржува ендометриумот за да може да ја прими оплодената јајцеклетка во случај на забременување. Доколку не настане оплодување, телото престанува да ги продуцира двата хормони и настанува менструација.​

Но, понекогаш се случува да не настане овулација (типичен предменопаузен случај), па тогаш, произведениот естроген во тој месец не се балансира со прогестеронот, кој може да биде да биде продуциран само за време на овулацијата, т.е. естрогенот продолжува да се произведува во месечниот циклус (едномесечен период), а пропуштената овулација означува дека нема произведен прогестерон.

НАДВОРЕШНИ ФАКТОРИ

Надворешни фактори кои влијаат врз хормонскиот дисбаланс кај жените може да бидат и други извори на естрогени, освен оние кои природно се произведуваат во организмот.​

Денес голем број жени имаат хормонски дисбаланс (недостиг на прогестерон), многу порано пред да го достигнат периодот на менопаузата.

Во секојдневниот живот ние сме опкружени со естрогени.

Постојат голем број причини кои придонесуваат за оваа појава:

-ксеноестрогени кои се наоѓаат во средствата за чистење, сапуни, спрејови, хербициди, козметика.

-пасивен начин на живеење

-наследни фактори

-дебелина

-проблеми со тиреоидната жлезда или надбрубрежните жлезди

-неправилна исхрана (зголемена консумација на премногу масна и солена храна, преработена храна, храна богата со шеќери, кофеин и рафиниран шеќер)

-строги диети (сиромашни со масти)

-типична западноевропска исхрана со многу месо и млечни продукти (кои во најголем дел содржат хормони)

-консумација на алкохол

-стрес

-употреба на контрацептивни таблети

-хормонална терапија

-хистеректомија

-пропуштена овулација (периоди без овулација)

-пестициди, хербициди и други хемикалии

-еколошки токсини и загадување на околината​

СИМПТОМИ

Ако се сомневате дека имате хормонски дисбаланс, решете го овој едноставен тест:

-Имам предменструален синдром.

-Имам месечно варирање на тежината.

-Имам отоци, подуеност или задржување на водата.

-Се чувствувам тешка и здебелена.

-Имам главоболки.

-Имам промени во расположението.

-Имам болни, зголемени гради.

-Депресивна сум.

-Се чувствувам неспособна за да се справам со секојдневните обврски.

-Имам болки во грбот, зглобовите или болки во мускулите.

-Имам предменструална желба за храна (особено потреба за шеќер или сол).

-Имам неправилни циклуси, тешко крварење, или многу светло крвавење.

-Неплоднна сум.

-Користам контрацептивни таблети или други хормони.

-Имам предменструална мигрена.

-Имам грутки на дојката или цисти или фиброцистични гради.

-Имам семејна историја на рак на дојка, јајници, или рак на матката.

-Имам пери-симптоми на менопауза (топлотни удари, промени во расположението, главоболки, неправилни циклуси, тешки крварења, задршка на течности, осетливост на дојките, сувост на вагината, болки во мускулите и болки во зглобовите, ниско либидо, зголемување на телесната тежина).

-Имам топлински удари.

-Се чувствувам вознемирено.

-Имам ноќно потење.

-Имам несоница.

-Екстремитетите ми се често студени.

-Го загубив мојот сексуален нагон.

-Имам сува кожа, коса, и / или сувост на вагината.

-Имам срцебиење.

-Имам проблеми со меморијата или концентрација.

-Имам надуеност или зголемување на телесната тежина околу стомакот.

-Имам влакна на лицето.

Соберете го бројот на потврдно одговорените прашања, а потоа проверете го резултатот:

Од 0 до 9 – Може да постои блага хормонска нерамнотежа.

Од 10 до 14 – Може да има умерена хормонска нерамнотежа.

15 или повеќе – Можеби имате сериозна хормонска нерамнотежа. Посетете лекар.

ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ НА ХОРМОНСКИОТ ДИСБАЛАНС

При сомневање за постоење на хормонски дисбаланс се препорачува консултација со ендокринолог. Поставувањето на дијагнозата се извршува со помош на хормонски тестови при кои се испитуваат хормоните на тиреоидната жлезда, естрогенот, прогестеронот, тестостеронот, кортизолот и др. Сето тоа се врши со земање на крв или урина. Урина се зема кога треба да се определат хормонските промени, кои се должат на бременост или овулација.

Мора да се напомене дека секое самолекување без лекарска контрола и земање на медикаменти по сопствен избор – може да доведе до сериозни последици.​

ТЕРАПИЈА

Кога ќе се утврди недостиг на некој хормон, специјалистот препишува одредена терапија-супституција, со цел воспоставување на рамнотежа. при зголемено производство на некој хормон се употребуваат блокатори.​

Кога хормонскиот дисбаланс е предизвикан од тумор, потребен е хируршки зафат за да се отстрани истиот.

Освен стандардната терапија со медикаменти, секоја жена кај која е дијагностициран хормонски дисбаланс, треба да го смени досегашниот стил на живеење, односно да преземе мерки за подобрување на својата здравствена состојба.

Се препорачува зголемена физичка активност, редовен одмор и одбегнување на психички стрес.​

Во деновите пред менструација, жената треба да биде повеќе активна, да се движи повеќе, да пие повеќе течности, да одбегнува мaсна храна и храна богата со шеќери.

ВИСТИНСКАТА ДИЕТА Е КОПЧЕТО КОЕ ЌЕ ВЕ РЕСЕТИРА

Балансирањето на хормоните е процес при кој треба да бидете упорни ако сакате да постигнете среќа и просперитет.

Вашата исхрана е основа со која ќе му помoгнете на организмот да ја поврати својата хармонија.

Првиот чекор вклучува отстранување на лошите работи: шеќер, кофеин, алкохол, стрес и недостиг на физичка активност.

Нерамнотежата во хормоните неретко е предизвикана од лоша храна. Ако јадете многу шеќер, ќе произведете повеќе инсулин, повеќе естроген и тестостерон. Било кој тип на брашно и шеќер може да доведат до овие нерамнотежи.​

Млечните производи и глутенот често се активатори за воспаленија и хормонална нерамнотежа.

Ксенобиотиците или хемикалиите од животната средина, како што се пестициди во храната, може да дејствуваат како моќен хормон нарушувач на нашите сопствени хормони.​

Млечните производи се еден од најголемите предизвикувачи на хормонална нерамнотежа, поради сите хормони кои природно се наоѓаат во млекото и оние хормони и антибиотици кои му се додаваат на млекото. Всушност, во млечните производи има повеќе од 60 хормони кои можат да придонесат за нерамнотежа.​

Откако ќе ги отстраните оние намирници кои ви штетат на здравјето, треба да ги замените со здрави, односно корисни. Консумирањето на органска храна и филтрирана вода може значително да го подобри вашето здравје.

Исто така, се препорачува одредена 10-дневна детокс програма која ќе ви ја препише лекар или нутриционист, со спецификa изработенa според вашите лични перформанси.