Ова се погрешни „факти“ за кондомите во кои и натаму сите веруваат

Презерватив или кондом е контрацептивно средство со најширока употреба. Освен заштита од несакана бременост, голема улога има и во спречување на ширење на полово преносливи болести. Иако за овој облик на контрацепција одамна се’ се знае, многумина и натаму веруваат во некои митови за овие гумени заштитни средства.

1.СТАВАЊЕТО НА ЛУБРИКАНТ НА КОНДОМОТ ЌЕ ГО СПРЕЧИ НЕГОВОТО ПУКАЊЕ

Лубрикантите на база на масло и петролеј всушност може да го оштетат кондомот.

2.КОНДОМОТ ШТИТИ ОД СИТЕ ПОЛОВО ПРЕНОСЛИВИ БОЛЕСТИ

Кондомите не заштитуваат во целост од гениталниот херпес, ХПВ, сифилис и срамни вошки. Презервативот не е доволна заштита ни кај херпес тип 2, односно генитален херпес, ниту кај херпес тип 1, односно орален херпес за кој неодамна се откри дека може да се пренесе и пренесе и преку сексуален контакт. Кај ХПВ како и кај херпесот може да се случи особата со години да боледува без никакви симптоми и да не знае дека е болна, но и дека може да му ја пренесе на партнерот.

3.АКО СТЕ АЛЕРГИЧНИ НА ЛАТЕКС НЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ КОРИСТИТЕ КОНДОМИТЕ

Можете да користите кондоми изработени од полиуретан и полиизопрен.

4.КОНДОМИТЕ Е ДОБРО ДА СЕ ЧУВААТ ВО ПАРИЧНИК

Чувањето на пакетче кондом во паричник подолго време може да го оштети материјалот од кој е направен кондомот и на него да се создадат ситни дупчиња.

5.КОРИСТЕЊЕ НА 2 КОНДОМА ОДЕДНАШ ЈА УДВОЈУВААТ ЗАШТИТАТА

Користењето на 2 кондоми одеднаш всушност ја намалува заштитата бидејќи се создава поголемо триење, а со тоа се зголемува можноста да пукне презервативот.