Загадувањето на воздухот е сериозен проблем во светот денес и не можете да го избегнете, особено ако живеете во сиромашна држава каде луѓето немаат развиено свест за екологија.

Во тој случај, што и да направите тешко е да го одбегнете таквиот воздух зошто каков и да е мора да го дишете.

Затоа, најдоброто нешто што треба да направите е да се спротивставите на негативните ефекти од вдишените токсичните хемикалии во вашето тело. Ова можете да го постигнете со помош на добро урамнотежена исхрана, бидејќи некои намирници се докажани во нивната заштита од загадувачите.

Сепак, запомнете дека ако сакате “заштитниот” ефект на храната да биде долготраен, треба редовно да ги консумирате тие намирници за да се изгради “заштитен ѕид”. Преминувањето кон лошо избалансирани оброци и брза храна ќе ги поништи сите ваши претходни напори и ќе ве направи повторно подложни на штетните ефекти од загадувањето на животната средина.

Топ 5 намирници против загадениот воздух

БРОКУЛА

Според резултатите на многубројни студии, броколи е храна број 1 кога станува збор за борбата против опасните токсини кои ги вдишуваме заедно со воздухот. Формата во која ќе одлучите да го консумирате овој прекрасен зеленчук не е важен доколку редовно се наоѓа на вашето мени.

Според резултатите од студијата спроведена во еден од најзагадените региони на Кина (провинцијата Џиангсу), пиењето пијалак направен од брокули (прав), дестилирана вода, ананас и сок од лимон, драстично ги намалиле ефектите од канцерогените загадувачи. Брокуличните зелки се едни од најздравите намирници што можете да ги најдете и да ги користите во својата исхрана.

ЃУМБИР

Ако го сакате лутиот вкус на ѓумбирот, дефинитивно треба да го додадете во вашата исхрана и да го пиете редовно во разни напитоци. Можете да го користите свеж како ѓумбиров корен или ѓумбир во прав, бидејќи двата типа се богати со моќни антиинфламаторни елементи.

Покрај тоа, ѓумбирот е природен адаптоген, така што помага во одржување на надбубреженот систем и ја подобрува природната способност да се поднесат различни типови на стрес, вклучувајќи го и загадувањето на воздухот.

Храна богата со магнезиум

Магнезиумот е минерал кој ја зголемува вашата природна одбрана и ги релаксира алвеолите во вашите бели дробови. Највкусни намирници од оваа група се дефинитивно јаткастите плодови, особено оревите и бадемите. Сепак, многу семиња и мешунки, исто така, содржат големи количини на овој минерал.

ЛЕНЕНО СЕМЕ

Омега 3 масните киселини ви обезбедуваат одлична заштита од загадувачите на воздухот, а исто така, му помагаат на вашето тело да биде оптимално здраво.

Најдобар растителен извор на овие елементи е лененото семе. Можете да го јадете во било каква форма, дури и ако сте на исхрана за слабеење.

Храна богата со витамин Ц

Витаминот Ц е најдобар антиоксиданс за борба против штетните ефекти на загадувањето на воздухот. Најдобар извор од храна се следните намирници: пиперки, кељ, киви, бобинки, агруми, домати и грашок.

Исто така, ако не консумирате доволно витамин Ц преку храна, тогаш најдобро е да си го обезбедите во вид на суплемент со продолжено дејство.