Ова се луѓето кои најчесто страдаат од празнична депресија. Ако сте и вие еден од нив, еве што да направите

Сезонско афективно пореметување кое на многумина им е познато под името „празнична депресија“, двапати почесто ги погодува жените.

 

Ова пореметување спаѓа во облици на пореметување на расположението, а карактеристичен е за студените месеци. Симптомите се слични на други пореметувања на психичката состојба: нерасположение, губиток на енергија и умор, зголемен апетит, поспаност.

Причините за сезонско афективно пореметување не се во целост разјаснети, а се смета дека една од нив лежи во промена на лачењето на мелатонон и сератонин, односно хормони на среќата кои се лачат навечер.

Податоците говорат дека и 10 до 20% од повторувачките депресивни епизоди исто така, имаат сезонски карактер.

Врз промените во лачењето на хормоните влијае и преминот на зимско сметање на времето, подолгите ноќи и послабата изложеност на сончева светлина.

 

Проблеми со тежината

Покрај наведените симптони, лицата кои патат од САП често се раздразливи и нивната телесна тежина често варира. Последично, доаѓа до пад на либидото, хроничен умор и потешкотии во работата, како и потешкотии во социјалното опкружување. Иван Мрган верува дека лицата склони кон депресивно расположение често паѓаат во предпразнична депресија.

Во овој период посебно се пропагираат среќа, изобилство, заедништво и хедонизам во различни облици што е во нескалдност со расположението на луѓето кои се во депресија, па поради тоа празничната атмосфера ги бутка во безволност, изолација и потиштеност. Често се јавува и чувство на вина, затоа што не можат да учествуваат во празничниот дух. 

За време на празниците, за жал, расте бројот на психијатриски интервенции и самоубиства. Исто така, лицата кои многу работат, не знаат како да го поминат слободното време кое го имаат за време на празниците и стануваат нервозни и нерасположени.

Кај осамените лица кои некој изгубиле, несаканите емоции се се’ уште присутни бидејќи празникот ги потсетува на саканото лице. Оние пак кои финансиски полошо стојат не можат себеси ниту на блиските да им го овозможат она што го сакаат, па тоа буди фрустрација и тага.

Покрај тоа, за време на празниците често се менуваат навиките во спиење и хранење – помалку спиеме, помалку се движиме, консумираме помрсна храна и повеќе акохолни пијалаци, што може негативно да влијае на општата состојба на организмот. Сето наведено, парадоксално, всушност придонесува за развој на депресивно расположение.

Како да се изборите со сезонската депресија?

Освестете ја оваа фаза во промената на расположението како нормална и минлива, споделете ги своите емоции со своите домашни, договорете некои активности, како што се прошетки и излегувања.

Проценете ја исплатливоста на трудот кој го вложувате. За да ви биде подобро, можеби во овој период ќе мора да направите некои работи кои бараат поголем труд и напор. Размислувајте за тоа како ќе се чувствувате кога оваа фаза ќе заврши, како секојдневието ќе ви биде попријатно и поквалитетно.

Планирајте редовна физичка активност која не мора да биде со голем интензитет – важен е континуитетот.

Почитувајте го времето за одење в кревет и будење. Одбегнувајте дремење преку ден, намалете ја телесната активност и внес на храна и пијалаци во часовите пред спиење.

Важно е обратите внимание на здрава, редовна и разновидна исхрана богата со минерали, житарици и витамини што позитивно ќе влијае врз чувството на умор и ќе спречи зголемување на телесната тежина.

Во случај на раздразливост, корисно е накратко на се напушти ситуацијата или контекстот. Дајте си себеси неколку минути да се смирите и размислите, пред да влезете во конфликт со некого.

Повремено потсетете се дека овој период од годината е тежок за повеќето луѓе. Потребно е себеси да си одадете признание за вложениот труд и да славите мали победи.