Лукот може да се сади во два периоди: напролет и наесен.

Меѓу нив нема голема и видлива разлика, само што оној што ќе се посади наесен е покрупен и поголем од оној што ќе се посади напролет, но чешнињата се поситни.

Кога станува збор за агротехниката, таа е иста за двата и мора да водите сметка за положбата на чешнињата во текот на садењето. Се препорачува за таа цел да користите да користите покрупни чешниња.

Непосредно пред садењето потребно е да направите дезинфекција, а кога ќе садите да обратите особено внимание чешнето да биде поставено исправено, со тоа што петата треба да биде свртена надолу, а врвчето нагоре, односно кон површината.

Ако погрешно го посадите чешнето, новата главица нема да може правилно да се развие. Пред почетокот на садењето треба добро да го подготвите земјиштето во кое ќе садите, па така лукот наесен се сади на длабочина од околу 4 сантиметри, додека напролет се сади на длабочина од 2-3 сантиметри. Најдобро време за садење е во март/април или во октомври.

Не постојат некои посебни услови кои му се потребни на лукот, само е потребно да направите калцизација, односно корекција на рН почвената реакција. Според зборовите на експертите, препорачано е да користите органски хранливи материи за подобрување на растот.

Воже да ги вадите од земја во јуни од есенските садници, додека пролетните се вадат во август.