Телото на човекот има 365 точки и 12 главни меридијани, но оваа точка е најважна!

Многу одамна, некој човек дознал за точката на долговечноста од својот татко. Точката била наречена „точка на сто болести“.

Според старите азијски народи, телото има 365 точки и 12 главни меридијани, исто како и деновите и месеците во годината. Овие точки се лечат со акупунктура, односно притискање токму на местото каде текот на енергијата низ меридијанот е попречен.

Се ова ни е веќе познато, но зошто оваа точка е толку магична?

Да започнеме од местоположбата. Точката се наоѓа под коленото:

Ставете ја раката на коленото: десната рака на десното колено, а левата рака на левото колено. Точката е меѓу врвовите на показалецот и најмалиот прст, мерено кај коските.

Друг начин да се најде точката е да седнете на подот и силно да ги притиснете стапалата до подот. Најдете го местото под коленото што е малку повисоко. Најдете ја неговата највисока точка и притеиснете.

-Ја контролира работата на органите во долниот дел од телото

-Ги регулира деловите од ‘рбетот одговорни за правилна функција на дигестивниот тракт, репродуктивниот систем, бубрезите и надбубрежната жлезда, најосновната жлезда во нашето здравје, која ги носи во крвта најважните хормони.

-Регулација на гликозата, инсулинот

-Спречување на воспалувања

-Регулација на имунитетот

-Го помага варењето

-Ги лечи болестите на желудникот

-Ги поправа штетите предизвикани од срцев напад

Масажата на точката на 100 болести ќе ви даде и внатрешен баланс и ќе ве ослободи од стресот и тензијата. Помага и во лечење на многу здравствени состојби, како импотенција, икање, запек, гастритис и уринарни проблеми.

Како да ја масирате точката на долговечноста?

Масирајте ја точката наутро, пред да ручате. Со кружно движење масирајте во насока на стрелките на часовникот 9 пати на секоја нога (9 на едната, па 9 на другата). Масажата треба да трае 10 минути.

Пред да започнете со масажата треба да седите и да сте релаксирани. Дишете длабоко и фокусирајте се на вашите чувства. Влезете во хармонија и бидете свесни дека започнува процесот на лечење.

Наместо прстите, за масажата можете да користите и житарки, како овес или пак на пример ориз, а не плашете се да го направите истото и со чешниња лук.

Ако сакате да ослабнете, масирајте ја точката на 100 болести навечер. Ова ќе ви помогне да ослабнете до половина килограм неделно. Сепак внимавајте, бидејќи пречесто масирање на точката навечер може да предизвика несоница.

Масирајте ја точката по ручек за да се ослободите од стресот, нервозата, главоболката и несоницата.

За да го поттикнете метаболизмот и да ослабнете масирајте ги двете нозе навечер и во насока обратна од стрелките на часовникот.