Со децении е хит во светот: овој сок го зајакнува целиот организам, а се прави за само 2 минути.

Станува збор за сок од цвекло и морков, а ако имате мака од самата помисла на оваа комбинација, верувајте не сте единствени.

Веќе со децении овој сок им се препорачува на луѓе кои одат на хемотерапија, бидејќи совршено се бори против сите последици од овој вид на лекување на карцином. Иако сите велат дека има неубав вкус, никој не престанал да го пие бидејќи дава одлични резултати.

Затоа велат дека буквално ве враќа од мртвите – и не е наменет само за оние кои имаат здравствен проблем. Доколку се чувствувате преморено, немате енергија и депресивни сте, можеби токму овој сок е она што ви е потребно.

Се приготвува многу едноставно.

Потребни состојки:

1 кг цвекло

1 лимон

½ кг морков

3 портокали

3 јаболка

1 кг мед

Постапка:

Сите состојки едноставно исчистете ги иставете ги во блендер или соковник. Ќе добиете сок со црвена боја, кој потоа можете да го складирате во шишиња или во тегли. Се чува во фрижидер.

Сокот дава најдобри резултати ако се пие наутро, на празен стомак и тоа доволно е половина чаша.

Ако го пиете овој сок редовно и секој ден, веќе за 10 дена ќе почувствувате неверојатна промена во енергијата и расположението, општото здравје и убавината на кожата.