Нашиот најпознат кардиолог, Академик Д-р Жан Митрев, освен по својата стручност во областа на кардиологијата, стана особено популарен и со неговите нутриционистички совети.

Неговите предлози за диетални режими станаа вирални хитови. Позитивните критики од јавноста, можеби се должат пред сè

на флексибилноста на докторот во поглед на изборот на намирниците кои тој ги препорачува да се вклучат во секојдневната исхрана.

При нашиот неодамнешен брифинг со популарниот доктор, ние го запрашавме дали би можел да даде предлог за нова диета за нашите читатели.

Еве го неговиот одговор:

“Со најновите генетски тестирања во болницата “Филип Втори”, сите досегашни диети и предлози за исхрана ќе паднат во вода! Зошто?

При досегашните предлози за режими за исхрана, кои придонесуваа за намалување на килограмите, или унапредување на здравствените перформанси, како и помош при лекувањето, ние докторите но и нутриционистите се водевме по некои општи принципи за исхрана.

Мала помош при креирањето на персонална исхрана можат да бидат тестовите за интолеранција на храна.

Но, со пристигнувањето на тестовите за испитување на ДНК и во нашата држава, освен што ќе можеме да ги предвидиме евентуалните заболувања кај пациентите, ние сега можеме да направиме и комплетна слика кај секој пациент, за тоа што смее, а што не смее да јаде!

Верувајте, во овој случај, успехот е речиси загарнтиран, како кај пациентите кои се борат со дебелината, кај болните кои мора да се придржуваат до одреден режим на исхрана со цел побрзо закрепнување, но и кај спортистите, кои имајќи ги во предвид овие резултати, ќе можат да постигнуваат врвни резултати!”

Што е генетско тестирање и персонализирана медицина?

Што е ДНК?

Нашите тела се составени од трилиони клетки. Во секоја од тие клетки се наоѓаат хромозоми и луѓето имаат 23 парови на хромозоми.

По еден хромозом од секој пар доаѓа од родителите. Секој хромозом е составен од дезоксирибонуклеинска киселина (ДНК). ДНК молекулата служи како прирачник (рецепта) за градење и функционирање на секој од нас.

Таа е изградена од милиони реченици составени од буквите А, Т, Г и Ц (базни парови). Овие букви од ДНК молекулата се организирани во сегменти коишто се нарекуваат гени, а додека пак гените кодираат за протеини коишто прават нашето тело и клетки да функционираат и растат.

Што е генетско тестирање и персонализирана медицина?

Генетско тестирање претставува вид на медицински тест којшто идентификува измени во нашите гени.

Персонализирана медицина претставува медицинска процедура којашто ги разделува пациентите во различни групи – со медицински одлуки, пракси и интервенции посебно скроени за секој пациент, во зависност од нивната генетска конституција и врз основа на тоа предвидениот ризик за развивање на некоја болест.

Резултатите од генетскиот тест во персонализираната медицина може да го потврди или исклучи присуството на генетско заболување, може да помогне во одредувањето на веројатноста за развивање на некоја болест (генетска предиспозиција) или за пренесување на генетска болест на новите поколенија.

Но да се има генетска предиспозиција не значи дека личноста дефинитивно ќе ја развие претпоставената болест.

Генетските тестови треба да бидат протолкувани во комбинација со конвенционални дијагностички тестови.