Иако малечка, една бубачка може да ги нахрани сите гладни од целиот свет. Потребно е само на луѓето да им се објасни како да ги одгледуваат овие бубачки и проблемот со гладта може да биде решен, велат авторите на овој проект.

Сурлашите се мали и скромни бабалки, но за Мухамед Ашур тие се решението за многуте проблеми во земјите во развој, пишува CNN

Овие скромни инсекти би можеле да го искоренат гладот и потхранетоста, да ги извлечат заедниците од сиромаштво и да го намалат нивото на јаглен-диоксидот.

За суштество долго само неколку сантиметри тоа е голем учинок но и моќ.

Ашур заедно со неколку колеги студенти од Универзитетот Мекгил ја започна компанијата Aspire со цел да го претстави одгледувањето на инсектите во земји со недостиг од храна и нутритивни состојки.

Оваа идеја минатата година доби награда Hult, која го исплати едниот милион долари вложени во овој проект. По добивањето на наградата, тие го придвижија пилот програмот во Гана, каде недостигот од храна е чест проблем.

Моментно 75% предшколци и 2/3 бремени жени во Гана патат од анемија, тврди Светска здравствена организација.

„Во руралните заедници, исхраната главно се состои од јаглени хидрати. Поради недостиг од протеини, кои ги има во месото, тие јадат нешто што не е хранливо“, вели д-р Клемент Акотсен Менсаг, ентомолог и истражувач од Универзитетот во Гана.

„Сурлашите се одличен суплемент“, додава тој.

Во 2013 г. Организацијата за храна и агрокултура при УН, објави извештај повикувајќи на консумирање инсекти, ширум светот.

Во извештајот е заклучено дека инсектите имаат многу слични нивоа протеини исто како со говедското, а победуваат во нивоата со железо, калиум, цинк, фосфор и неколку амино-киселини.

„Таму каде што има недостиг од железо, недостига едукација и доверба во власта. Доколку одите во некое село близу Акра, тешко ќе ги убедите жените да пијат таблети железо или некои други суплементи“, тврди тој.

„На овој начин ги претставуваме железото и протеините на начин кој е многу поблизок до оваа култура“, додава тој.

Во некои делови од Гана веќе е прифатена консумацијата на сурлаши.

„Тоа не можете да го видите во сите делови од Гана, но онаму каде се консумира, тоа се прави со голема сласт“, вели Ашур.
Процесот за одгледување на сурлашите не е комплицирана. Некој што е необразуван, но вреден, може да започне со производство за кратко време.

Проектот Aspire цели на фармерите кои живеат во руралните заедници, каде има земја во изобилство. Тие би им обезбедиле алатки на фармерите и би ги обучиле бесплатно, а потоа би им ги откупувале сурлашите и би ги дистрибуирале ширум земјата. Во план е и мелење брашно од сурлаши.