Проблемот со опаѓање и слаб корен на косата не е ретка појава, а производите кои постојат на пазарот ретко кому му помогнале. Но, како и за сè останато и за овој проблем најдоброто решение го нуди – природата!

Руската докторка Татјана Викторовна Коновалова открила рецепт за едноставна маска за јакнење на коренот на косата.

Оваа маска ја регенерира структурата на коренот на косата и го спречува нејзиното опаѓање, а за да ја направите потребна ви е само една намирница – морков!

Како одличен извор на витамините бета каротен и витамин А, морковот дава не само добар вид, туку и влијае врз здравјето на косата кое е есенцијално за здрава коса.

Хранливите материи кои морковот ги содржи може да го подобрат здравјето на косата, ноктите и кожата.

Покрај тоа, морковот помага и во детоксикација на целиот организам па и на темето – и создавање на нови клетки.

Подготовката е исто така многу едноставна: Ситно исечкајте или изрендајте неколку свежи моркови и сокот втријте го во коренот на косата.

Оставете да делува минимум 15 минути, а потоа добро исперете на вообичаен начин. На почетокот, маската нанесувајте ја секојпат пред миење на косата најмалку 5 пати по ред.

Кога косата ќе ви зајакне, доволно е да нанесувате рендан морков еднаш месечно, а првите резултати се забележуваат веќе после неколку третмани.