Ако имате проблем со губење на косата, трансплантацијата на коса може да биде процедура која ќе ви го промени животот. Ефектот од процедурата не е само естетски туку и емоционален, обезбедувајќи им на пациентите зголемена самодоверба и сигурност. Со пресадување на косата се враќа нормалната коса и густина во зоните каде истата ослабнува или е опадната, со тоа и си го враќате својот нормален живот.

Денес техниката на трансплантација на коса не е постапката на корекција на косата од времето на вашиот татко. Денес техниката на трансплантација е високо ефикасна процедура која дава природен изглед на трансплантираната коса. Време е да ги избришете од глава оние застарени слики од тоа како пресадената коса изгледа.

Далеку зад нас е времето кога луѓето можеа веднаш да ја препознаат пресадена коса. Тој изглед тогаш се споредуваше како на коса од кукла. Денес, врвните хирурзи користат артистички техники и опрема, со тоа креираат фронтална линија и покривање на круната на главата со полна густина на косата а виртуелно незабележливо дека косата е всушност трансплантирана.

Хирурзите кои се членови на ISHRS International Society of Hair Restoration Surgery ги применуваат најновите и најефективните техники, што им овозмжува да обезбедат на своите пациенти вистински природен изглед со трансплантирање на голем број на мали графтови блиску еден до друг. ISHRS хирурзите знаат дека косата расте на скалпот во групи, фоликуларни единици од еден, два или три фоликули, што им овозможува да ги пренесат овие групи во зоните на ослабена коса или на ќелавост.

Во тек на модерната ФУЕ (Follicular Unit extraction) процедура на трансплантација, графт по графт се зема од еден дел од главата, кој се нарекува донорска регија и се пренесува на друг дел од главата кој се вика реципиентна регија. Косата се *фаќа* сигурно. Не се отфрла бидејќи е автологна што значи дека давателот и примателот се исти. Донорската и реципентната регија се исти, трансплантираната коса ги задржува истите карактеристики во однос на боја, текстура, брзина на раст што резултира со природен изглед како краен ефект.

Затоа ослободете се од предрасудите за трансплантацијата на коса и побарајте решение за вашата ќелавост. Ако имате опаѓање на косата и сакате да дознаете повеќе за вашите опции, најдобро е да почнете со консултација со специјалист за коса, трихолог или хирург за коса. Доктор специјалист за коса ќе ја одреди причината за губењето на косата и ќе ви даде целосни информации за различните опции за третман за вашиот случај. Како и со секој друг доктор, треба да се чувствувате удобно да зборувате со вашиот доктор за коса и да прашате се што сакате да прашате. Но како да најдете доктор на кој можете да му верувате?

Препорачано е да се консултирате со специјалисти за коса кои се сертифицрани доктори-трихолози или сертифицирани ISHRS хирурзи. На тој начин ќе бидете сигурни дека се консултирате со добро обучен кадар од тоа медицнско поле кои ќе ви дадат експертски одговори на вашите прашања независно дали се однесуваат на медицинските третмани или на трансплантацијата.

International Society of Hair Restoration Surgery (ISHRS) е глобална не профитабилна медицинска асоцијација и водечки авторитет во третманите за коса со повеќе од 1200 членови во 70 земји во светот а Турција е една од тие земји. Но само 26 хирирзи во Тирција се ISHRS сертифицирани. Според CNBC, Турција има голема популарност во Европа за медицински туризам, не само поради близината со Западна Европа туку и поради високиот квалитет на медицинските услуги.Bloomberg анализата покажува дека 110.000 странци ја посетиле Турција во 2012 за медицнски третман. Тоа ја става на 7 место во групата најпосетените земји во светот од медицнски туристи, заедно со Америка, Малезија и други земји. Турција со високо акредитирани болници и доктори привлекува огромен број странци кои бараат квалитетна естетска хирургија и трансплантација на коса.