Со зимата доаѓаат лизгавите, подмрзнати подови, па „за не дај Боже“ секој треба да си го има овој рецепт. Го добив од ортопед пред неколку години, нас и на наши пријатели ни помогна, па се надевам и на вас. Фрактури и проблеми со коските се честа појава, запишете си го рецептов.

Потребни состојки: 7 јајца домашни и тазе, ½ кг сок од лимон, ½ кг мед и 1 ракиена чашка рум или лозова ракија

Постапка: 7 јајца, што посвежи, а најдобро да се од исто легло, се мијат добро со четка и детергент, па се редат во пластичен, стаклен или керамички сад. Се цеди половина килограм лимони, па сокот се прелива врз јајцата.

Садот се остава во фрижидер во следните 14 дена, кога ќе го отвориме фрижидерот малку го протресуваме садот за да се превртат јајцата и лушпите рамномерно да се растопат во лимоновиот сок.

После 14 дена (две седмици), се блендира содржината и се процедува низ двојна газа. Се додава мед и чашка рум или лозова ракија, по избор. Се складира во стаклено шише, се чува и натаму во фрижидер, а секое утро се пие по половина ракиена чашка како дневна доза од лекот.

Се пие се додека има од лекот. Се користи и за други проблеми со ресорпција или недостиг на калциум, се разбира, со претходна лекарска консултација.