Операција на крајници ЗА и ПРОТИВ – Тие го чуваат нашиот организам, но кога ќе заболат, можат да бидат причина за многу болести

Тие го чуваат нашиот организам од бактериски, вирусни, габични и паразитски инфекции, но кога ќе заболат, може да бидат причина за многу болести.

Уште одамна постои спор за тоа дали крајниците треба да се оперираат или не. Одговорот е јасен: заболените крајници најчесто мора да се отстранат, бидејќи тие не само што не си ја вршат својата функција, туку можат многу да му наштетат на организмот.

Доколку не се отстранат навремено, со текот на годините може да предизвикаат појава на бројни болести, како што се воспаление на зглобови, срцеви структури (бактериски ендокардитис), потоа разни воспалениски состојби на бубрезите, но и воспление на ушите која може да доведе до наглувост. Овие компликации настануваат како последица на ширење на причинителот на воспалението и инфекцијата која од крајниците се шири во организмот преку лимфата, крвта или директно се пренесува на другите органи.

ОПЕРАЦИЈА НА КРАЈНИЦИТЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА:

-на лица кои имаат чести ангини (повеќе од трипати годишно по ред, повеќе од пет пати годишно по ред или повеќе од седумпати во текот на една година)

-ако зголемените крајници го отежнуваат дишењето и голтањето.

-доколку е носител на заразни инфекции

-Ако лицето има непријатен здив во устата, често воспаленија на средно уво и ако се утврди дека крајниците се извор на заразна инфекција.

После бројни истражувања заклучокот е јасен: болните крајници треба да се оперираат, а здравите имаат многу корисна улога во организмот.