Најубавите печива кои потсетуваат на сарајлии – децата постојано бараат да им ги правам! Тестото е убаво за работа, а печивата кога ќе се испечат се многу меки и вкусни. пробајте еднаш да ги направите, а потоа многу често ќе си ги правите, но ќе ви ги бараат и домашните.

Потребни состојки: 400 г брашно, 100 мл млеко, 100 мл јогурт, 50 мл масло, 1 јајце, 10 г квасец, 1 лажичка сол, 1 лажица шеќер. За премачкување:, 1 жолчка и 1 лажица масло. По потреба сусам, мак и слично.

Постапка: Квасецот и шеќерот измешајте ги со млако млеко и оставете да се активира. Изматете јајце, додадете сол и масло па измешајте, додадете млак јогурт и активиран квасец, па со постепено додавање на брашно замесете мазно тесто. Покријте го и оставете го на топло да се удвои.

Стасаното тесто премесете го па развлечете го во кора со форма на квадрат со димензии приближно 35х35 см. Исечете го на ленти широки 1,5 см и виткајте ги како полжавчиња. Крајот од лентата свиткајте го под тестото.

Полжавчињата ставајте ги во плех обложен со хартија за печење со мало растојание меѓу нив. Премачкајте ги со жолчка изматена со малку масло и наросете ги со сусам одозгора. Оставете уште малку да пораснат додека рерната да се загрее.

Рерната вклучете ја да се загрее на 220 степени, а веднаш штом ќе ги ставите полжавчињата да се печат, намалете ја температурата на 200 степени и печете ги приближно околу 20-25 минути или по потреба. Кога ќе извадите од рерна покријте ги со кујнска крпа неколку минути додека да подизладат.