Ана Рејес со едноставен план на исхрана успеала драстично да го промени својот изглед, да ослабе повеќе од 30 кг и да ја врати разнишаната самодоверба.

-Немав никаков социјален живот, никогаш не излегував, немав облека која би ми одговарала, се’ на се’, се срамев од својот изглед – изјавила Рејес за британскиот Дејли Мејл.

Мајката на две деца не го трансформирала само своето тело, туку и својот живот, благодарение на промената која ја направила во исхраната, работата врз себеси и цврстата одлучност да го промени животот сето она што не и одговара.

Се’ започнало кога 50-годишната Рејес ја открила „123диети“, која се базира на здрав план на исхрана. Кога еднаш започнала со планот, одлучила да го спроведе до крај.

-Кога започнав со диетата бев депресивна, а сега се чувствувам фантастично. Како што ми рекоа моите внуци, имам 50 и фантастична сум – вели Рејес.

-Многумина веруваат дека за да бидеш на диета, тоа значи дека не смееш да јадеш некој тип на храна, но тоа не е случај со диетата на којашто бев јас. Во текот на целиот процес консумирав овошје кое го јадев за појадок, како што се јаболка и јагоди, со кои јадев обичен јогурт. Ручекот ми се состоеше од салата со протеини и зеленчук, а вечерата ми се базираше на месо и риба – објаснува Рејес.

-Никогаш немав идеја дека еден ден ќе бидам задоволна со својот изглед. Навистина сум среќна, не само со физичкиот изглед, туку и со тоа како се чувствувам ментално. Ова целосно го промени мојот живот.

Објаснува дека првите резултати ги видела веќе после првите неколку дена од диетата.

-Нема да ве лажам, на почетокот, кога телото започнува да се чисти, лошо се чувствуваш, но после неколку дена ми се зголеми нивото на енергија. Се чувствувам фантастично, изгледам помладо и имам повеќе самодоверба. Дури се појави и некој на кого му се допаѓам – се шегува Рејес.

Толку е среќна што оваа диета им ја препорачала на многумина и се надева дека ќе им помогне да ја остварат својата желба.

-Ако сте одлучиле, само направете го тоа. Животот е прекраток и треба да го живеете – заклучува Рејес.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10206688743630642&set=a.1449658474860.2059336.1035158685&type=3