Обратете внимание: овие сигнали ви ги испраќа телото доколку ви откажуваат бубрезите преполни со отрови

Нашите бубрези имаат облик на грав и се наоѓаат во близина на средината од грбот, под ребрата. Тие ја филтрираат крвта и го елиминираат отпадот, вишокот вода и штетните материи.

Овој отпад и штетни материи се собираат во вид на урина. Бубрезите се витални органи и нивната заштита треба да биде наш приоритет.

Ако функцијата на бубрезите е загрозена на било кој начин, целото тело е во опасност. Поради тоа е важно да бидете свесни дека доколку нешто се случи, вашето тело ќе има отоци, подуено лице, отечени нозе и зглобови. И не само тоа, можете да забележите каква ви е урината, па според тоа да заклучите дали сте во опасност или не.

Недостиг на квалитетен воздух предизвикува намалување на бројот на црвените крвни зрнца поради таложење на штетни материи во белите дробови, што дополнително ја намалува количината на кислород во организмот.

Луѓето кои имаат проблем со бубрезите често имаат осип на кожата. Нивната кожа лесно се иритира, таа е сува и има лош изглед.

Трупањето на отпадни материи во крвта го менува вкусот на храната кога се јаде и предизвикува лош здив.

Откажување на бубрезите доведува до лош проток на кислородот до мозокот, а ова доведува до лошо памтење, слаба концетрација и вртоглавици.

Ако почувствувате болка во пределот на бубрезите, тоа значи дека имате камен во бубрег или инфекција.

Бубрезите произведуваат хормон познат како еритропоетин кој го зголемува бројот на црвените крвни зрнца и кислород. Поради ова луѓето со оштетени бубрези често патат од умор. Ако забележите било кој од овие знаци, важно е што поскоро да се јавите на лекар.