Нутриционистите одговараат: дали сланината е здрава?

Со доаѓање на студените денови започна сезоната на чварките и сланината, па сите се прашуваат дали е во ред да се јаде, со оглед на тоа што сланината спаѓа во сувомеснатите производи. Еве што велат експертите по ова прашање…

Ја сакате сланината? Тогаш ова многу ќе ве интересира! Дури и доколку припаѓате на онаа мала група луѓе која не ја сака, мора да признаете дека мирисот на пржена сланина едноставно привлекува и мами. Но, она што повеќето најмногу ги интересира е следното: дали сланината е здрава?

Во зависност од поднебјето, рецептот и самиот процес на производство разликуваме сланина, пршута и панцета кои се добиваат од свинско месо од стомакот и ребрата. Димена, саламурена, сушена, солена и со бројни зачини оплеменетата сланина секако е многу ценет производ во кулинарството како дел од традиционалната кујна.

Сланината е високоенергетска месна преработка и се препорачува домашната која е без појачувачи на вкус и нитрити. Количина од 30 грама претставува препорачана  единица за сервирање, а чиста масна сланина има енергетска вредност од 224 калории; протеини 1 грам (3%), масти 24 грами (97%), од кои заситени масти 9,5 грама, незаситени масти: 10,8 грама, полинезаситени масти: 2,7 грама, холестерол 59 милиграми, натриум 168 милиграми.

Помалку масно парче сланина содржи поголем процент на протеини (до 15%) па може да се препорача како вистински гастрономски деликатес во умерена количина еднаш до двапати седмично. Тајната на здрава исхрана е токму во умереноста, па така и за сланината можеме да кажеме дека е здрава намирница кога е составен дел од избалансирана исхрана чиј дневен внес на енергија која потекнува од масти не е поголем од 30 до 35% во состав на здравото мени.

Секако дека не се сите месни производи подеднакво здрави. Нивната консумација зависи многу фактори, но ако зборуваме за домашни специјалитети – домашна сланина, домашни колбаси и останати домашни специјалитети без дополнителни хемикалии, секако се вбројуваат во здрава категорија на производи.

Значи не е проблем во месото, туку во она што се додава за подолг рок на траење, подобар вкус, поголема ситост и останато. И секако, количината на храна во погрешно време. Тешко можеме да зборуваме за нездрава пршута или панцета, туку штетна може да биде прекумерна количината што ќе се исконсумира.

Сланината е висококалорична и квалитетна намирница која повремено можеме да ја користиме на различни начини – како специјалитет, како додаток во исхраната и/или како зачин. Сланината или пршутата се всушност и добар извор на енергија.

Ова се бенефитите од повремена консумација на сланината:

Сланината речиси нема јаглени хидрати, а докажано е дека не е дебелеат мастите, туку големи количини на јаглени хидрати. Исхрана со низок процент на јаглени хидрати се препорачува за одржување на телесна тежина. Консумација на сланина ни дава чувство ан ситост бидејќи содржи висок процент на заситени масти, па ќе се чувствуваме подолго време сити отколку ако јадеме јаглени хидрати.

Сланината обилува со протеини. Протеинот е клучна состојка за одржување на високо ниво на енергија и главен синоним за здрава исхрана. Сланината е богата и со итамин В комплекс и цинк, па на тој начин го јакне нашиот имунитет. Според тоа, сланината е одличен додаток на сите оброци во било кој дел од денот, само е важно да се консумира повремено и дневна препорака е околу 30 грама или едно парче (лента) сланина.

На крај можеме да заклучиме дека оваа намирница е потребна во нашата исхрана, но во препорачани количини. Исто така, има голема разлика меѓу домашната и купечката сланина. Според тоа, изборот нека биде домашна сланина бидејќи позитивните бенефити од оваа намирница не се однесуваат на купечките (преработените) производи.