Носталгија: беше омилено овошје во вашето детство, дали денес знаете што е ова?

Кога бевме деца го обожувавме овој плод, го беревме пентарејќи се на дрво, но го собиравме и од земја, се натпреварувавме кој повеќе собрал и кој повеќе изел, а не насетувавме дека тој прекрасен вкус кој ќе го паметиме целиот свој живот, е всушност суперхрана!

Изобилува со антиоксиданти, нутриенти, витамини, дудинката е ценета во целиот свет како една од најдобрите лекови на природата.

Секој дел од оваа билка е лековит. Можете да ја користите кората, листовите, свежите но и суви плодови.

Покрај тоа што целата билка е богата со антиоксиданти, содржи алкалоиди кои го јакнат нашиот имунитет, го балансира шеќерот во крвта, а сувите плодови важат за една од најздравите природни закуски.

Зрелите плодови од дудинка се јадат, но се користат и за филови, чаеви, за добивање вина и ликери.

Црните и црвените дудинки имаат најсилна арома. Незрелите плодови не се препорачуваат за јадење бидејќи може да содржат лесни халуциногени својства. Црната, црвената и белата дудинка е раширена низ цела Европа, Блискиот Исток, северна Африка и Индија.

Созрева летно време, сезоната му е при крај на јули-август месец.