loading...

Неуништива енергија: чај од оваа билка помага за сите болки! Еве како се приготвува

Оваа повеќегодишна билка ја красат меснати дебели листови полни со течност.

Може да се каже дека расте насекаде, а во нашите краишта служи како украсна и како лековита билка.

Иако оваа билка веројатно ви е најпозната како лек за увоболка, забоболка и жуљеви, сепак таа има и други намени.

Латинското име е Sempervivum, што значи секогаш жив, а сведочи за својата неуништивост во најразлични услови за живот.

Многубројните истражувања потврдуваат дека чувар куќата во себе содржи танини, билна слуз, различни корисни киселини, флавоноиди и јаглени хидрати.

Во народната медицина се користи поради своите противвоспалителни, адстрингентни и диуретични својства.

Оваа билка е стар народен лек за увоболка, за оштетено ушно тапанче и губиток на слухот.

Нејзиниот сок се користи за да ја растопи вишокот ушна кал и за намалување на болката.

Истражувањата покажуваат дека полисахаридот од сокот на чувар куќа делува врз имунолошкиот систем и се користи за превенција од канцерогени заболувања.

Се применува во облик на сок, облога, маст, тинктура или чај.

loading...

ЧАЈ ОД ЧУВАР КУЌА

Ако имате болни менструации, грчеви, дијареа и чиреви, чајот од чувар куќа е одлична помош за наведените тегоби.

Се приготвува на следниот начин:

10 г свежа или 12 г сува билка се готви 15 минути на тивко во 250 мл вода, без шеќер!

Процедете и оставете да излади.

Чајот се пие наутро, на празен желудник, половина чаша, а остатокот се пие по голтка-две, во текот на денот, отприлика на секој час.

loading...