Во една голема американска студија се утврдило дека лицата кои навечер спијат седум часа имаат за 3,7 помладо срце од својата биолошка возраст, додека оние што спијат 6 или 8 часа имаат 4,5 години постаро срце отколку што “календарски” би требало да биде.

Ова е малку зезнато зар, не? Не се шест, не се осум часа, туку потребните часови за спиење се седум!

Оние што одат на работа едвај успеваат да спијат по шест часа, а многумина дури и помалку. Токму оние кои спијат по пет или помалку часови се во најголем ризик, зошто нивното срце е за петпати постаро отколку пто би требало.

Авторот на студијата д-р Јанг, научник од Американскиот Институт за контрола и превенција од болести, Атланта, предупредува дека:

“Недоволниот сон има негативен ефект врз повеќе телесни системи, вклучително и кардиоваскуларниот. Нашите анализи покажаа конкретна поврзаност помеѓу траењето на сонот и ризикот од срцеви заболувања како висок притисок, дијабетес, висок холестерол и дебелеење.”

Старост на срцето се дефинира како предвидена старост на кардиоваскуларниот систем на некоја особа темелена врз факторите на ризик. Во науката е воведена во 2008 година.

“Разликата помеѓу проценетата старост на срцето и биолошките години на некое лице се нарекува “пречекорени срцеви години” и колку таа разлика е поголема, толку е поголем и ризикот од развој на срцеви болести, објаснува Јанг.

На пример, ако 40-годишен маж во зависност од неговите фактор ризици, има проценета старост на срцето од 44 години, пречекорената срцева возраст за него изнесува четири години.

“Тоа значи дека срцето му е за 4 години постаро отколку што би требало да биде. Концептот на “срцеви години# ни служи за поедноставување на ризиците за срцеви заболувања”, објаснува Јанг.

Идеално е да се спијат седум часа.

Сонот кој е прекраток или премногу долг се поврзува со зголемен ризик. Најмал ризик има кај оние кои спијат по седум часа, заклучува овој научник.