“Почитувани НМД. Се викам Игор и сакам со вас да го споделам ова искуство. Овој 8ми март, одлучив да ја изненадам сопругата и кога че се врати од работа да ја пречекам со зготвен празничен ручек.

За таа цел, купив телешки бифтек и по препораката на продавачот, одлучив да го пржам кратко време, на висока температура!

Но, што се случи? Го загреав маслото и во првиот момент кога почнав да редам од месото, почна да прска масло на сите страни. Осетив силна болка на раката и видов дека сум изгорен на горниот дел од раката.

Имам многу читано што да се прави во ваков случај и прво што помислив беше на мразот. Се разочарав кога видов дека во фрижидерот сме заборавиле да ставиме кесички за мраз, а немаше ни некој замрзнат зеленчук.

Во тој момент, погледот ми падна на пресечениот кромид на половина, кој ми беше спремен за подготвување на преливот за месото.

Зошто баш кромид и што направив?

Во истиот момент, низ глава ми поминаа зборовите на мојата баба, која при пиење кафе со сосетките им раскажуваше рецепти за самопомош дома при некакви незгоди!

Еден од тие рецепти беше и овој со кромидот.

Ја зедов едната половина од кромидот и силно ја притиснав на изгореницата. По некое време, зедов една газа и ја преврзав раката.

Видете, не дека не ме болеше местото, ама важно е што потоа, не ми се поду кожата и не ми испука, а скедствено на тоа не ми се појави и отворена рана!

Се надевам дека нема да ми остане и трајна лузна.

Подоцна исто така прочитав дека кромидот содржи антисептички и седативни својства и можеби токму поради тоа е неговото позитивно влијание при изгореници, но и против други заболувања.”