Некои го вадат прстенот од покојникот – ЕВЕ за што се’ го користат

Оние кои поседуваат ваков прстен го чуваат како најголема тајна и никогаш не признаваат дека за успесите кои ги нижат во животот, може да им благодарат на црномагиските ритуали, но не треба да се заборави дека користењето на нечистите сили со себе повлекува и одредени последици – бидејќи ѓаволот секогаш доаѓа по своето… – од Народните верувања, еве зошто некои го вадат прстенот од покојникот.

Најчуваната вековна тајна која врачевите ја пренесуваат од колено на колено, е ритуалот со прстен изваден од раката на покојникот. Кај народот овој прстен се користел за разни цели. Многумина поседуваат таков прстен, го чуваат како најголема тајна и никогаш не признаваат дека токму поради него имаат успех во животот.

Сведоци сме и самите дека многу луѓе од нашата околина, како се’ да им оди од рака, нижат успеси и како да немаат никакви сопки и проблеми во животот. За таквите народот има доста поговорки :„Роди ме мајко со среќа и фрли ме на буниште“, „“Тој и од Месечина да падне, на нозе ќе се пречека“, не знаејќи притоа дека особата поседува мртовечки прстен и дека со него манипулира со други луѓе и со ситуации за своја корист.

Таквите лица ја користат ситуацијата, па на болен човек кој е на смртна постела му ставаат прстен, а кога ќе умре го вадат. Овој прстен велат, врши работа дури и во судници и тоа во корист на оној поседува ваков прстен. При влез во судница, со прстенот се чукнува на врата и се вели: „Како што мртовецот не може да зборува така…“, а потоа незабележливо низ прстенот се погледнува судијата и се вели истото со спомнување на името. Постојат бројни примери во праксата како тешки криминалци извршители на тешки злосторнички дела биле ослободени од казната или добиле незначителна мала казна, без разлика што извршиле тежок злочин. Секако, прстенот пред се’ треба да го омагијаат врачеви и да ви ги кажат точните зборови што треба да ги изговорите.

УСПЕХ НА РАБОТА

Многу студенти кои биле лоши ученици во училиште одеднаш стануваат одлични студенти, магистрираат, докторираат и фантастично се снаоѓаат во животот, а за своите успеси пред се’ треба да му благодарат токму на покојничкиот прстен. При полагање на испит студентот само треба да го погледне професорот низ прстен.

КОЈ НА ДРУГ ЈАМА МУ КОПА…

Меѓутоа, со помош на овој прстен може и на други да им се напакости. Ако изговорите одредени зборови и одредено лице го погледнете низ тој прстен, неговиот живот ќе започне да се движи по надолна линија, ќе почнат да му се случуваат падови, порази и несреќи. Ако бил одличен студент ќе стане најлош и ќе заборави се’ што знаел претходно.

Сепак употребата на овој прстен може да биде и опасна за оној што го користи, а штом помине магиското дејство на прстенот, секоја корист која била стекната на тој начин исчезнува. Ѓаволот секако, секогаш доаѓа по своето.

КОГА НЕ САКА ПО СОПСТВЕНА ВОЛЈА

Се верува дека со помош на покојнички прстен може да се подобри и љубовниот живот. Ако девојката (момчето) се вљуби во момче (девојка) која не возвраќа на таа љубов, ќе ја погледне истата низ прстен и ќе каже: „Како што покојникот не може да поговори, така ова момче дека не ми наоѓа ниедна мана“ – од тој момент особата ќе падне под власт на сопственикот на прстенот, па така може да се сретне на пример, убаво, згодно и образовано момче како е во врска со некоја неука, исклучително грда девојка…

ШТО ВЕЛАТ НАШИТЕ ГАТАЧИ?

Прстенот обично е направен од злато, а златото е метал кој е одличен за апсорпција на енергија. Со оглед на тоа што повеќето луѓе носат бурма долги години, со тек на време тој прстен се полни со енергија. При умирањето, кога душата се разделува од телото, покојниците се главно наелектризирани со негативна енергија, бидејќи се свесни дека им дошол крајот, па така во тие моменти, прстенот ја впива таа енергија која подоцна се користи за многу ритуали.

Во зависност од намерата за која се користи, покојничкиот прстен може да послужи како средство за остварување на лични цели. Се користи во црната магија бидејќи се постапува спротивно на нечија волја. Со оглед на тоа што има тркалезен облик, со самото тоа се затвора енергетскиот круг на енергија со што само се засилува нејзиното дејство. Кога ќе се поништи црната магија, целата таа сконцентрирана енергија од прстенот се враќа во особата која го користела за нечесни цели.

Ако покојничкиот прстен се најде кај некоја добра особа која нема намера да го злоупотреби за црна магија, тогаш нема опасност. Проблем има доколку го стекне некоја зла особа која со разни ритуали може да прави чуда за да постигне успех во сопствениот живот.

Оној кој е магепсан од ваков прстен, треба поскоро да побара помош за да биде растурена магијата и да се ослободи, иако многу тешко се симнува ваквата магија, а според зборовите на гатачите, – најтешко.

Најчести се магиите кои се прават со предмети кои ги поседува покојникот, па дури и со земјата од гробишта. Така, некои оделе дотаму што за да му напакостат некому со желба да умре, на мртовецот му ставаат мала фотографија со ливче на кое е испишано името. Доколку сакаат некого да го омагијат, му ставаат земја од гробишта во чевлите или околувратникот од кошулата или капутот….

НАПОМЕНА од редакцијата: текстот е само информативен и апсолутно не му советува никому да посегне по практикување на црна магија ниту со помош на било какви ритуали да се стекне со љубов или било што друго. Текстот е дел од НАРОДНИТЕ ВЕРУВАЊА.