loading...

Не можам да ви опишам колку ме восхити оваа пита со пилешко месо…има една тајна во приготвувањето!

Потребни состојки:

600 г брашно

1 мала лажичка сол

1 голема лажица масло

млака вода за да се замеси тестото

1 цело печено пиле (или живо, во оригиналот)

4 главици кромид

1 мала лажичка сол

1 мала лажичка црн пипер

2 големи лажици масло

loading...

и уште:

100 г путер

50 мл масло (заедно да се растопат)

150 мл течна павлака за готвење – неутрална

Постапка:

Замесете го тестото, поделете го на два дела и оставете да одмораат додека се приготвува пилето.

Пилето исечете го на парчиња и зачинете го со две лажици масло, црн пипер, сол и сечкан кромид. Пилето уште подобро и ако го откостите и го исечкате на што помали парчиња (во оригиналниот рецепт одат цели парчиња сосе коски).

На набрашнета работна површина развлечете кора, па сечете ја на ленти (ленти сечете зависно колку парчиња месо ќе виткате, изборјте ги).

На секоја лента ставајте парче пилешко и виткајте, малку спакувајте од страна за да не излегува смесата.

Истото направете го и со второто тесто.

Редете во намастена тепсија и печете во загреана рерна на 220 степени.

Кога ќе биде печено, извадете од рерна и полијте со течна павлака, па вратете уште неколку минути во рерна да се допече.

loading...