Прочитајте како еден помасен оброк може да ве упропасти. Еден, добро прочитавте…

Новото истражување чии резултати се објавени во стручното списание Laboratory Investigation, покажало дека само еден оброк кој содржи многу масти предизвикува драматични и моментни промени на крвните садови кај здрави возрасни мажи кои учествувале во студијата.

Одамна е познато дека консумацијата на намирници кои содржат заситени масти и холестерол е една од главните фактор-ризик за појаа на кардиоваскуларни болести, како што е на пример атеросклероза, намалена еластичност на артериите.

Но, повеќето луѓе сметаат дека таквата исхрана остава последици после долго време. А новото истражување кое го спровеле научниците од Универзитеот Џорџија покажало дека само еден оброк остава големи траги.

Во студијата учествувале десет здрави возрасни мажи, а се потврдило дека консумирањето на само еден оброк со висока содржина на масти, каков што е на пример чоколадниот милкшејк, доведува до нездрави промени во крвните садови и на црвените крвни зрнца.

Испитаниците во текот на експериментот испиле милкшејк од полномасно млеко со шлаг и сладолед, кој имал 80 г масти и 1000 калории. После четири часа, тестирањето покажало дека крвните садови на испитаниците се помалку еластични а дел од еритроцитите кои вообичаено се мазни и плочести, станале овални и шилести.

Таа промена во обликот на еритроцитите може исто така да влијае врз крвотокот, вели д-р Џулија Бритејн, професот по анатомија на Универизтетот Џорџија.

Исто така, регистрирани се промени и во леукоцитарна формула, бидејќи оброкот со многу масти го подига нивото на моноцити (вид на леукоцити кои се борат против воспалителни процеси во организмот), на ист начин на кој тоа го прават инфекциите, пренесува Medical News Today.

Но, утешно е да се знае дека овие промени се краткотрајни, бидејќи се повлекуваат за осум часа.

-Не мора да дигате паника ако тукушто се изеле чисбургер или милкшејк бидејќи последиците од таквиот оброк се привремени доколку сте здрави. Но, ова истражување јасно илустрира зошто таквиот начин на исхрана мора да биде на ниво на исклучоци. Вашиот организам може да поднесе еден таков оброк и од него да се опорови – предупредува таа.

Оваа студија е спроведена на мал број испитаници и научниците признаваат дека не знаат во која мера оваа промена на обликот на еритроцитите влијае врз здравјето на крвните садови, но порачуваат и дека во претходните истражувања кои биле спроведени врз глувци, било докажано дека континуираната исхрана со висок процент на масти трајно ги оштетува еритроцитите. Тој изменет облик на еритроцитите кај глувците предизвикал изменета имунобиолошка реакција во организмот која како последица имала развој на кардиоваскуларни болести.