Редовното вдишување на нејзиниот мирис влијае позитивно врз женските хормони, доведувајќи до интензивен раст на естрогенот.

Од сите цвеќиња ружата особено пленува. Но, таа не е само убава и со пријатен мирис, туку е корисна и во здравствена смисла.

 

Гинеколозите од Универзитетот во Париз, установиле дека со редовно вдишување на нејзиниот мирис позитивно се влијае врз женските хормони, доведувајќи до поинтензивна работа на естрогенот.

Истовремено, виенскиот професор Хадемар Банкхофер тврди дека чајот од ружа го ослободува човекот од депресивно расположение и му дава духовна сила.

И психолозите го делат ова мислење тврдејќи дека мирисот од дива ружа, човекот го прави весел и ја јакне одбранбената моќ на неговиот организам.

Врз подигањето на добро расположение делува и бања од ружа, исто како и чајот. Бањата се приготвува така што во најлон чорапа се става една рака свежи или суви цветови од ружа, па се става под млаз врела вода која тече во кадата.

Во вака приготвената бања треба да се ужива околу 25 минути, длабоко вдишувајќи го мирисот на ружа.

После тоа треба еден час да одморате во кревет. Оваа бања е идеална и за нега на кожата, препорачува професорот Банкхофер.