Да ве потсетиме на популарната Саси вода која е клучна состока во „диетата за рамен стомак“ (Flat Belly Diet) која ја осмисли нутриционистката Cynthia Sass.

Овој вкусен напиток кој го доби името според својата креаторка, освежува и витализира, содржи минимален број калории, има благотворно дејство врз организмот, ја намалува подуеноста на стомакот и го смирува дигестивниот тракт.

Синтија тврди дека со пиење на овој напиток може да се намали обемот на стомакот за дури 10 центиметри и тоа за рекордни 4 дена!

Концептот на Саси водата се темели на фактот дека на човековото тело му се потребни минимално осум чаши вода, за да може нормално да функционира. Секако, таа количина е само ориентирна и почетна точка бидејќи потребите за течност варираат од лице до лице, па зависат од нивото на телесна активност.

Од таа причина, во текот на четири „клучни“ денови, на почетокот од „диетата за рамен стомак“ се препорачува да се испие цела доза. Исто така, се препорачува консумирање на овошје и зеленчук кои содржат висок процент на вода.

Правилната хидратација на телото помага во одржување на нивото на течности во телото и спречува опстипација и подуеност на стомакот.

За да ви успее овој „план“, важно е во текот на овие четири денови да одбегнувате слатки, грицки, масна и калорична храна, а да консумирате здрави намирници, во помали порции и да имате поголема физичка активност.

Мора да имате на ум дека самата „церемонија“ за приготвување на Саси-напитокот и нејзиното сервирање е потсетник дека работите наскоро ќе се променат на подобро и дека треба да се фокусирате на одредената цел: рамен стомак еднаш засекогаш!

Потребни состојки:

8 чаши вода (минимум, а може да пиете повеќе во текот на денот)

1 чајна лажичка рендан свеж ѓумбир

1 свежа краставица со средна величина, излупена и исечкана на тенки кругови

1 лимон со средна величина, исечен на тенки кругови

12 листови свежо нане

Постапка:

Сите состојки измешајте ги во стаклен бокал. Оставете го во фрижидер преку ноќ. Процедете.

Штом станете, започнете со консумирање на овој моќен напиток. Не пијте директно од фрижидер, туку малку оставете го пијалакот да се стопли на собна температура. Целата доза треба да ја испиете во текот на денот, а вечерта пригответе нова доза за следниот ден.

За да имате што подобри резултати, многу е важно да се пие овој напиток 4 дена, а да не се пие ништо друго.

По четири дена, ќе се навикнете на новиот вкус, па убедени сме дека и понатаму ќе продолжите да ја пиете Саси-водата.

Пред почеток на било каков диетален режим, консултирајте се со вашиот лекар и вашиот нутриционист!