Научниците откриле досега непознат орган во човечкиот орган кој би можел да помогне подобро да се разбере ширењето на канцерот, пишува „Индепендент“. Она што досега се сметало дека е слој густо сврзно ткиво, всушност се низи од шуплини исполнети со течност, кои научниците го нарекле „интерстициум“. Тие делчиња се наоѓаат веднаш под кожата, а со нив се обложени цревата, белите дробови и мускулите и на тој начин прават мрежа од цврст, растеглив протеин.

Интересно е дека интерстициумот досега бил незабележан, иако се чини, дека е еден од најголемите органи во човечкото тело. Научниците сметаат дека овој орган служи за да ги апсорбира ударите и на тој начин го заштитува ткивото од оштетување.

Докторите Дејвид Кар Лок и Петрос Бениас од болничкиот центар „Моунт Синаи Бет“ во Израел, го забележале интерстициумот истражувајќи го жолчниот канал кај пацијент трагајќи по знаци за рак.

Ги забележале шуплините кои не се совпаѓале со дотогаш познатата човечка анатомија, па за мислење го прашале докторот Нил Таис, патолог од Универзитетот во Њу Јорк.

Научниците утврдиле дека досегашните истражувања на човечкото тело го превиделе интерстициумот бидејќи методот на прибирање на примероци за микроскопска анализа подразбира исцедување на течноста, со што всушност се уништувала структурата на самиот орган. Кога дошле до новите сознанија, научниците сфатиле дека таа структура не се наоѓа само во жолчниот канал туку ги опкружува и другите органи.

Истражувањата покажале дека течноста од интерстициумот истекува во лимфниот систем, односно мрежата од клетки кои ја пренесуваат лимфата, а која е поврзана со имунолошката реакција на организмот. Бидејќи овозможуваат побрзо движење на течноста низ телото, меѓусебно поврзаните клетки веројатно имаат нуспојава со што го забрзуваат и ширењето на карциномот.

Научниците се надеваат дека со новите сознанија ќе откријат и нови методи за тестирање на ракот.