Овој лековит зелен зеленчук може да ја намали желбата за благо и нездрава храна, велат научниците.

 

Најновото истражување на шведските научници од Универзитетот Лунд покажало дека консумирањето спанаќ може значително да го намали апетитот. Имено, докажано е дека спанаќот содржи тилакоиди кои го поттикнуваат слабеењето, пишува Дејли мејл.

Во ова истражување учествувале 38 дебели жени. Резултатите покажале дека употребата на екстракт од тилакоиди го поттикнува лачењето на хормони кои испраќаат сигнали до мозокот и ние се чувствуваме сити, а на тој начин се намалува апетитот. Со контрола на апетитот се намалува и можноста да посегнеме по нездравите намирници.

„Нашите анализи покажаа дека со испивање на пијалок во кој е додаден екстракт од спанаќ пред појадок, можеме да го намалиме апетитот и со тоа да се овозможи подолготрајна ситост во текот на денот“, вели професорката Шарлот Ерландсон-Албертсон, која била дел од истражувачкиот тим.