Кога ќе се погледнете во огледало забележувате умор на вашето лице? Кожата како да ви потемнела? Се појавиле нови брчки? На некои места има темни дамки, околу очите сте помодреле и очните ќеси натежнале…

Не очајувајте!

Со овој тоник кој ќе ви го предложиме, а кој вие сами ќе си го приготвите, сјајот на вашето лице за многу кратко ќе се врати! Ќе се елиминираат трагите на умор, кожата ќе се затегне а вие ќе изгледате многу помладо и посвежо.

Направете тоник од само две состојки: пиво и лимонов сок. Не се шегуваме! Пробајте а потоа ќе ни бидете благодарни! Овој тоник совршено делува врз кожата. Еве што треба да направите:

Помешајте сок од половина лимон со две лажици ладно, светло пиво, и вашиот тоник е готов! Нанесете го на лицето со помош на памук. Откако ќе се засуши повторно нанесете. Повторете неколку пати. Тоникот треба да делува 20-тина минути а потоа исплакнете го со ладна вода.

Идеален е за масна кожа, а најдобар ефект ќе има доколку го користите трипати седмично и тоа пред спиење.

После седум дена ќе забележите дека кожата ви е многу поубава, но и помека.