Намалете ги калориите, а не вкусот

Преливите можат да го дополнат вкусот на инаку многу здравите јадења. Употребете ги овие додатоци за да го подобрите вкусот, а без калориско оптеретување.

КОМБИНИРАЈТЕ ОВА СО ОВА

1.Рендана кора од цитрус: лимон, лимета, цитрон, портокал – морска храна готвена на пареа, тестенини со маслиново масло.

2.Свежи зачински билки: босилек, мајчина душичка, влашец, магдонос – печено пиле, пржена риба, печен зеленчук.

3.Прокељ, брокула, грав – сендвич со мисиркино месо, салата.

4.Тенко сечкани лути пиперчиња – омлет, супа, чили.

ПРЕДЛОЗИ

ЦЕЛИ ЈАДЕЊА + САЛАТА ОД СПАНАЌ

Мастите си имаат своја предност. Учесниците во една студија од Универзитетот Пердју кои јаделе салата со три јајца, внесувале 9 пати повеќе каротеноиди – антиоксиданси кои им помагаат на очите – од оние кои не јаделе јајца.

Исхраната богата со состојки кои содржат каротеноид, како што е спанаќ, морков и сладок компир, може да го намали ризикот од болести на срце и некои видови рак. Во тие состојки мора да додадете масти, па затоа тука најдобро би се вклопиле жолчките од јајца. Не сакате да јадете јајца при секој оброк? Маслиново масло, авокадо или ореви, исто така може да помогнат.

ШНИЦЛА + ЛУК + КРОМИД

За ова и не ви е потребна некоја посебна причина за да го јадете. Истражувањата наговестуваат дека лукот или кромидот може да му помогнат на телото да го искористи цинкот и железото од житариците; оваа благодет важи и за месото кое изобилува со овие минерали. Цинкот ви помага да го зајакнете имунитетот, а железото е многу важно за работата на мускулите. Пригответе ги така што ќе ставите лук и кромид во ладен сад, на малку масло, а потоа ќе ја загреете рерната. Така лукот нема да загори.